Пародонтални ургентни состојби во секојдневната стоматолошка пракса

Petrovski, Mihajlo (2023) Пародонтални ургентни состојби во секојдневната стоматолошка пракса. In: Симпозиум „Ургентни состојби во стоматолошката пракса, 2 Dec 2023.

[thumbnail of urgentni sostojbi vo parodontologija.pdf] Text
urgentni sostojbi vo parodontologija.pdf

Download (2MB)
[thumbnail of urgentni flaer.pdf] Text
urgentni flaer.pdf

Download (793kB)

Abstract

Дијагностиката и менаџментот на ургентите состојби кои ги зафаќаат пародонталните ткива се дел од секојдневната стоматолошка пракса. Овие ургентни лезии, како што се пародонталните абсцеси и улцеро-некторизирачките пародонтални заболувања се вбројуват во клинички ситуации при кои пациентите може да побараат итна помош, најмногу поради присуството на силно изразена болка. За разлика од повеќето други пародонтални состојби, може да се појави рапидно уништување на периодонталните ткива, со што се нагласува важноста од навремена дијагноза и третман. И покрај тоа, достапните научни сознанија за овие состојби се ограничени и се засноваат на малку застарена литература. Овој недостаток на современи податоци ги прави „предизвик“ пред се поради отсуството на терапевтски упатства засновани на докази. Општиот стоматолог обично е прво место на кое се упатуваат пациентите поради што потребно е клиничарите да поседуваат доволно познавање за точна проценка и менаџмент на овие ургентни состојби. Навремениот менаџмент од една страна е „клучот“ за да се оневозможи проширување на процесот и оштетување на пародонтот, а од друга страна има за цел подобрување на физичката и психолошката благосостојба на пациетните.
Во групата на ургентни пародонтални афекции припаѓаат: (1) гингивален апсцес; (2) пародонтален апсцес; (3) улцеро-некрозни пародонтални заболувања; (4) херпетичен гингивостоматитис; (5) перикоронален апсцес (перикоронитис); (6) комбинирани пародонтално-ендодонтски лезии
Основната цел на оваа презентација е да се направи преглед на клучните пародонтални итни случаи, нивната клиничка манифестација, етилогија и третман. Оваа презентација ќе даде преглед, како и ќе направи ажурирање на ургентните состојби кои се јавуваат на самите пародонтални ткива, а се дел од секојдневната стоматолошка пракса.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mihajlo Petrovski
Date Deposited: 16 Jan 2024 12:10
Last Modified: 16 Jan 2024 12:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33157

Actions (login required)

View Item View Item