Менторство и туторство

Jovanova-Mitkovska, Snezana (2023) Менторство и туторство. Универзитет "Гоце Делчев" - Штип, Факултет за образовни науки, 2023, Штип. ISBN 978-608-277-026-0

Full text not available from this repository.

Abstract

Учебникот Менторство и туторство е изработен согласно потребите од наставен
материјал за истоимениот предмет на студиската програма Педагогија на Факултетот
за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Конципиран е согласно
предметната програма од наведениот наставен предмет.
Резултанта е на повеќегодишно проучување на овој, и во денешно време актуелен
феномен, кој своите зачетоци ги има уште од дамнина. Се обидовме да расветлиме
низа клучни аспекти на феномените менторство и туторство, имајќи ја во вид нивната
сложеност, мултидимензионална условеност и детерминираност.
Како поими, посебно во денешниов современ свет истите добиваат на значење,
особено ако се има во предвид сѐ помасовното влијание на техничко-технолошката
револуција, која води кон продуцирање на сѐ поголем број нови сознанија кои се
имплементират, не само во образовниот процес, но и во сите дејности. Правичното и
успешно ползување на новите сознанија подразбира процес во кој е потребно
поучување, обука, оспособеност, кое пак подразбира постоење на менторство,
ментори, туторство, тутори.
Од тие причини вo трудот, акцент ставивме на идентификацијата на клучните
поими, значењето и потребата од реализација на менторскиот процес на сите нивои,
степени на образование, улогата, обврските, одговорностите, задачите на клучните
актери во тој процес, законските услови и прописи во регулацијата на феноменот
ментор, менторство во институции, значењето и потреба од менторство во работните
организации (компании), функцијата која ја има менторството во личниот,
професионалниот, кариерниот развој на индивидуата. Посветивме внимание и на
феноменот комуникација, значаен за успешно одвивање на менторскиот процес,
процесот на туторство.
Трудот е пред сѐ наменет за студентите на наставничките факултети, но, веруваме
дека ќе им биде од полза и на наставниците, приправниците, на сите оние кои ја
љубат работата со децата, учениците, возрасните, сите оние кои го љубат човекот и
сакаат да дадат свој придонес во неговиот развој.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Jovanova
Date Deposited: 27 Dec 2023 08:19
Last Modified: 27 Dec 2023 08:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33131

Actions (login required)

View Item View Item