Главен рударски проект за експлоатација на архитектонско - градежен камен гранит на локалитетот “Сурун“ - С. Дупјачани - Горно Село - Прилеп

Panov, Zoran (2004) Главен рударски проект за експлоатација на архитектонско - градежен камен гранит на локалитетот “Сурун“ - С. Дупјачани - Горно Село - Прилеп. [Project]

[thumbnail of Proekt_Surun.pdf]
Preview
Text
Proekt_Surun.pdf

Download (151kB) | Preview

Abstract

Главниот рударски проект за експлоатација на архитектонско - градежен камен на локалитетот “Сурун“ - с. Дупјачани - Горно Село - Прилеп, е изработен врз основа на Законот за минерални суровини, геолошките и физичко - механичките и гемеханичките истражувања и останатата потребна документација.

Во проектот е извршено дефинирање на експлоатационото поле, геометријата на површинискиот коп, пресметани се експлоатационите резерви на гранит, даден е начинот на отворање, методите на експлоатација, товарање и транспорт, како и предлог за рекултивација и мерки за техничка заштита.

Врз основа на проектот утврдени се околу 20000 m3 гранитни комерцијални блокови, така да при годишен капацитет од 1000 m3, векот на експлоатација е околу 20 години. Во проектот е опфанат само еден мал дел од гранитната маса од подрачјето опфатено со концесија за експлоатација. Ова значи, дека во иднина е можно рекалкулирање и редефинирање на површинскиот коп, со што неговиот капацитет и век на експлоатација, значително би се зголемил. Проектираниот систем на експлоатација и развој на површинскиот коп, како и оптимално дефинираната основна геометрија, овозможуваат фазна експлоатација и развој.

Врз основа на технолошкиот систем на експлоатација, односно добивање на блокови со комерцијални димензии, извршените анализи, современите светски искуства како и искуството од соседните површински копови на гранит, во проектот предвидени се две можни методи на експлоатација и тоа:
- метода на експлоатација со дупчечко - минерски работи и
- метода на ескплоатација со дупчечко - минерски работи и сечење со
дијамантска жична пила.

И двете методи можат ефективно да се применуваат, меѓутоа иако поскапа сепак втората метода (варијанта) дава подобри резултати имајќи во предвид дека со неа се намалуваат импактите и штетните дејствувања од минерските работи а и самите резови (добиени со сечење) се далеку поквалитетни.

Предвидената динамика на откопување од 1000 m3/god, треба да се реализира за период од 20 години. Со примената на предвидените откопни методи, постојната и новопредвидената опрема и механизација како и новиот стручен кадар, може да се заклучи дека предвидениот годишен капаците може да се оствари.

Овој капацитет е мал и најверојатно е дека за неколку години истиот во зависност од барањата на пазарот и способностите на инвеститорот, истиот би можел рапидно да се зголеми. Секако, ова би значело развој и промена на површинскиот коп “Сурун“, кое од своја страна би била предмет за нов проект.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Zoran Panov
Date Deposited: 11 Dec 2012 08:55
Last Modified: 11 Dec 2012 08:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3313

Actions (login required)

View Item View Item