Штети кај растенијата предизвикани од инсекти со устен апарат за бодење и смукање

Lazarov, Aleksandar and Kitanov, Trajce and Atanasova, Biljana and Spasov, Dusan and Spasova, Dragica and Ilievski, Mite (2023) Штети кај растенијата предизвикани од инсекти со устен апарат за бодење и смукање. In: IV Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 09 Nov 2023, Faculty of Agriculture, Goce Dellcev University, Stip, Republic of North Macedonia. (Unpublished)

[thumbnail of Програма_ мк_07.11.2023 год_.pdf] Text
Програма_ мк_07.11.2023 год_.pdf

Download (225kB)
[thumbnail of Штети кај растенијата предизвикани од инсекти со устен апарат за бодење и смукање.pdf] Text
Штети кај растенијата предизвикани од инсекти со устен апарат за бодење и смукање.pdf

Download (768kB)

Abstract

Усниот апарат за бодење и смукање се среќава кај инсектите од редовите Homoptera, Hemiptera, Thysanoptera, Diptera (Nematocera) и Siphanoptera. Основна карактеристика на овој тип устен апарат е трансформацијата на горните и долните вилици во бодежи, т.н. стилети, со кои инсектите го бодат растителното или животинското ткиво и се хранат со растителен сок или со крв.
Инсектите кои смукаат растителни сокови се хранат со многу различни видови растенија, при што причинуваат големи штети. Директните штети кои ги причинуваат се манифестираат со локални некрози, деформации и сушење на растителните делови. Листовите се кадрават и искривуваат. Доаѓа до скратување на интернодиите и појава на неплодни ластари. Индиректните оштетувања ги прават со излачување на „медена роса“ и преку пренесување на патогени микроорганизми од заболени на здрави растенија. „Медната роса” ги покрива сите растителни делови, под колониите од инсектите. Ги затвора стомините отвори на ткивата и го спречува процесот на дишење (дисимилација). Од друга страна „медната роса” служи како хранлива подлога за развој на сапрофитски габи – чадливки, кои ја населуваат површината на растенијата т.е. ја населуваат „медната роса”. Тие имаат црна боја на својата мицелија и растенијата добиваат црна боја. Хлорофилот е скриен и не може да се врши фотосинтеза. На тој начин е спречена и асимилацијата. Растенијата не дишат и не создаваат хранлива материја, заради што доѓа до сушење на одредени растителни делови или цели растенија. Најзначајни штети од инсектите со устен апарат за бодење и смукање се штетите причинети со пренесување на бројни патогени микроорганизми.

Item Type: Conference or Workshop Item (Other)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Atanasova
Date Deposited: 21 Dec 2023 08:29
Last Modified: 21 Dec 2023 08:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33023

Actions (login required)

View Item View Item