Galeva, Jordanka and Majhosev, Andon and Koroveshovska, Iskra (2023) Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Република С. Македонија – компаративна анализа. [Project]
Text
proekt 2023 percepcija.pdf Download (522kB) |
Abstract
Слободата на изразување е едно од основните права на човекот гарантирано со повеќе правни инструменти на ООН, на Советот на Европа, на ЕУ и на други меѓународни организации. Ова право истовремено претставува огледало на демократијата и инструмент за вреднување на степенот за нејзино спорведување во едно општество.
Република С. Македонија како држава членка на ООН, Советот на Европа и на други меѓународни организации го има имплементирано правото на слобода на изразување во Уставот на државата и Законите. Меѓутоа секојдневно сме сведоци дека медиумските работници во вршење на својата професионална работа често се соочуваат со разни притисоци од одделни центри на моќ кои го ограничуваат остварувањето на нивното право на слободата на изразување.
Во овој Научно-истражувачки проект ќе ја истражиме перцепцијата на медиумските работници за слободата на изразување, како и причините кои влијаат во ограничувањето на ова право. Целта на истражувањето е да дојдеме до конкретни сознанија за перцепцијата на степенот на цензура и автоцензура на медиумските работници во медиумите во на Република С. Македонија преку компаративна анализа на четири региони (Зсточниот, Западниот, Северниот и Јужниот регион).
Основно истражувачко прашање на кое треба да одговориме во истражувањето е "Каква е перцепцијата на медиумските работници за степенот на слободата на изразување во Република С. Македонија?"
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Media and communications |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jordanka Galeva |
Date Deposited: | 19 Dec 2023 12:14 |
Last Modified: | 19 Dec 2023 12:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33007 |
Actions (login required)
View Item |