Влијание на хербалните препарати врз резултатите од лабораториските анализи

Maksimova, Viktorija (2023) Влијание на хербалните препарати врз резултатите од лабораториските анализи. In: 50ти Октомвриски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари со меѓународно учество, 05-08 Oct 2023, Ohrid.

[thumbnail of Октомвриски средби, лаборанти Охрид, 2023.pdf] Text
Октомвриски средби, лаборанти Охрид, 2023.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of програма Октовмриски средби лаборанти, Охрид 2023.pdf] Text
програма Октовмриски средби лаборанти, Охрид 2023.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Кратко резиме, Охрид.pdf] Text
Кратко резиме, Охрид.pdf

Download (111kB)

Abstract

Вовед Хербалните препарати опфаќаат различни препарати кои кај нас се регистрирни како хербален лек, традиционален хербален лек или додатоци на исхрана. Нивната употреба е се почеста, особено при самомедикација на пациентите. Но, употребата на вакви препарати може видно да влијае врз резултатите од биохемиските анализи или други клинички испитувања.
Цел Овој труд има за цел да ги информира и да укаже на сите здравствени работници, вклучувајќи ги и лаборантите за можноста од добивање на резултати кои отстапуваат од референтните вредности, а се индуцирани од употребата на хербални препарати.
Материјали и методи Беше направено детално истражување на релевантни датабази (PubMed, Science Direct) при што податоците беа групирани во три категории во зависност од механизмот преку кој тие влијаат врз биохемиските параметри и резултатите од клинички лабораториски испитувања.
Резултати Промените на лабораториските резултати може да се должат на: директна интерференција на хербалната компонента со испитуваните параметри, интеракциии со други лекови кои истовремено се примаат и токсични ефекти на хербалната компонента. Директно влијание врз серумските нивоа на кортизол може да покажат препаратите кои содржат ектракт од ашваганда, чиј што механизам на дејство се должи на инхибиција на ослободувањето на кортизол од адреналните жлезди. Екстрактот од лук, исто така, може директно да влијае врз трите главни липидни маркери (вкупен холестерол, HDL и LDL). Интеракцијата на препаратите од кантарион со други лекови, поради неговата способност за индукција на хепаталните ензими P450 (CYP3A4) може сигнификатно да ја намали концентрацијата на други лекови (пр. дигоксин, циклоспорини). Како резултат на неочекувани токсични ефекти пак, при употреба на препарати на кава (со седативен ефект), забележана е хепатотоксичност (60-70 пати покачени концентрациии на AST и ALT од референтните вредности).
Заклучок Добиените резултати укажуваат на тоа дека е потребна особена претпазливост при презентирање на резултатите од лабораториските испитувања кај пациенти кои примале препарати од хербално потекло.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Viktorija Maksimova
Date Deposited: 15 Dec 2023 10:31
Last Modified: 15 Dec 2023 10:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32935

Actions (login required)

View Item View Item