Graskoska, Sara and Drakalska, Elena and Maksimova, Viktorija (2021) Фитотерапевтски потенцијал на олеокантал од маслиново масло. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.
Text
Graskoska et al., 2023 Simpozium farmacija.pdf Download (1MB) |
|
Text
Poster - Sara Grashkoska В.М (1).pdf Download (327kB) |
Abstract
Маслиновото масло е богато со биоактивни компоненти, меѓу кои и секоиридоидите кои се одговорни за големиот број фармаколошки дејства што ги поседува истото. Олеоканталот е
секоиридоид застапен со околу 10% од вкупните полифенолни соединенија во маслинката и е познат по неговите потенцијални фитотерапевтски карактеристики
антиинфламаторно, невропротективно, антиоксидантно, антимикробно, антиканцерогено, кардиопротективно,
антидијабетично дејство). Неговиот антиифламаторен ефект се споредува со оној на ибупрофенот и токму поради тоа се смета дека олеоканталот би бил потенцијален агенс за
спречување на голем број хронични болести проследени со инфламација. Во последните студии испитувана е улогата на олеокантал при невродегенеративните болести, пред сѐ
Алцхајмеровата болест и покажано е дека олеоканталот има невропротективно дејство кое се изразува со инхибиција на формирање на β-амилоид и негов подобрен клиренс од мозокот на пациентите. Олеоканталот, исто така, врши превенција на кардиоваскуларните болести, а се претпоставува дека тоа се должи на неговиот антитромбоцитен ефект. Голем е и бројот на
студии кои се опишуваат антиканцерогените карактеристики на олеканталот и неговата улога при супресија на канцер на дојка, црниот дроб, простата и меланом. Антимикробната активност поретко е опишана, при што пријавено е дека олеоканталот има значителна антимикробна активност против Escherichia coli, Salmonella enterica, Listeria monocytogenes, Helicobacter pylori и кон одредени Грам-позитивни бактерии.
Како заклучок од досегашните студии поврзани со фитотерапевтскиот потенцијал на олеоканталот може да се истакне дека тој заедно со другите биоактивни соединенија во екстрадевственото маслиново масло би можел да постигне висок
терапевтски ефект. Но, употребата на олекантал самостојно како фитопрепарат сепак треба дополнително да биде истражувана со понатамошни клинички студии.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Viktorija Maksimova |
Date Deposited: | 14 Dec 2023 10:50 |
Last Modified: | 14 Dec 2023 10:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32903 |
Actions (login required)
View Item |