Од времиња стари, пресликана слика (Кон поемата Крале Марко по вторпат од Славчо Ковилоски)

Vitanova-Ringaceva, Ana (2023) Од времиња стари, пресликана слика (Кон поемата Крале Марко по вторпат од Славчо Ковилоски). „Спектар“ меѓународно списание за литературна наука, 12 (81). ISSN 0352-2423

[thumbnail of Спектар 81, 2023.pdf] Text
Спектар 81, 2023.pdf

Download (8MB)

Abstract

Книжевно-јазичниот печат на македонската литература и култура му ја предочува на светот сликата за постоењето на македонскиот културно-јазичен идентитет, не помалку значаен и вреден во однос на сите други. Културниот идентитет на еден народ најтемелно се исчитува преку книжевните дела напишани на јазикот којшто тој народ го говори, јазикот на кој создава и суштествува. Книжевните дела се вградени во културниот систем на секој народ, кој своето устројство го гради врз фолклорните, историските и културолошки темели.Нашата современа македонска поезија останува силно и страсно врзана со епските теми и ликови коишто се препознатлив белег на народната поетска традиција. Традицијата не е она што некогаш било и останало само како спомен од некое одамна минато време, напротив, таа е жив и жилав организам кој непрестајно пулсира и дише низ секој збор создаден од перото на писателите. Колективната меморија на Балканот чува ликови на епски јунаци (Марко Крале, Болен Дојчин, Деца јунаци и сл.) и нивните антиподи (Арапот, Црна Арапина, Турчинот и сл.) кои се дел од културната меморија
на секој народ поединечно, а сите заедно имаат обединувачка функција. Гледано од историско-книжевен аспект овие фигури постојано доживувале реинтерпретации во согласност со социоисториските контексти. Но, она што е наш фокус е митската, фолклорна и историска фигура на Марко Крале како инспирација за создавање на современи интерпретации во
рамки на македонската книжевност. Последно такво дело е поемата Крале Марко, по вторпат на современиот македонски писател и истражувач Славчо Ковилоски, најдобрата поема за 2018 година што ја доби наградата „Григор Прличев“.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 17 Jan 2024 12:55
Last Modified: 17 Jan 2024 12:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32830

Actions (login required)

View Item View Item