Современиот македонски фолклорист Иван Котев - мост меѓу македонската и српската фолклористика (фактографско-аналитички пристап)

Vitanova-Ringaceva, Ana and Miceva, Suzana (2023) Современиот македонски фолклорист Иван Котев - мост меѓу македонската и српската фолклористика (фактографско-аналитички пристап). Савремена српска фолклористика XII. ISSN ISBN: 978-86-7301-193-6

[thumbnail of Современиот македонски фолклорист Иван Котев - мост меѓу македонската и српската фолклористика.pdf] Text
Современиот македонски фолклорист Иван Котев - мост меѓу македонската и српската фолклористика.pdf

Download (876kB)

Abstract

Далечната 1970 година Македонскиот институт за фолклор ќе
направи мрежа од „дописници“ или соработници, кои ќе прибираат изворни фолклорни материјали од различни делови на Македонија. Визионерството на еден таков подвиг ќе се види децении подоцна во делото на еден од најистрајните, но и највредни собирачи на фолклор во Македонија и Југоисточна Европа. Иван Котев не само што почнал да запишува, туку и го дешифрирал, го проучувал, издавал, но и истражувал фолклорот на Македонците во Југоисточниот дел на земјата и пошироко, во балкански контекст. Она што низ својата научно- истражувачка и собирачка дејност го правел изминатите пет децении е сериозен влог во балканската фолклористика. Котев низ годините презентирал свои трудови на голем број меѓународни симпозиуми и конференции, а меѓу нив особено вреди да се спомне неговата улога во поврзувањето на фолклорот и истражувањата меѓу Македонија и Србија. Во овој труд, тргнувајќи од аналитичко-фактографскиот пристап ќе се обидеме да ја прикажеме неговата дејност и начинот на
кој тој го поврзува фолклорот во двете земји.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 17 Jan 2024 12:53
Last Modified: 17 Jan 2024 12:53
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32826

Actions (login required)

View Item View Item