Евалуација на дентален статус и орално здравје кај геријатриски пациенти во Република Македонија

Mijoska, Aneta and Jovanovski, Saso and Pancevska, Sanja and Stavreva, Natasa and Bajraktarova Valjakova, Emilija and Petkov, Marjan and Dastevski, Blagoja and Trpevska, Vesna and Pejkovska Shahpaska, Budima (2023) Евалуација на дентален статус и орално здравје кај геријатриски пациенти во Република Македонија. Vox Dentarii.

[thumbnail of vox-dentarii-54-red.pdf] Text
vox-dentarii-54-red.pdf - Published Version

Download (142MB)

Abstract

Вовед. Стареењето е процес со различни
специфични промени на сите системи и
органи, вклучително и орофацијалниот
систем. Геријатриската популација во
Република Македонија преставува спе-
цифична група со потреба за континуи-
рана процена на општата и оралната
здравствена состојба.
Цел. Да се направи преглед и проценка
на состојбата на меките орални ткива
кај геријатриски протетички пациенти,
нивното орално здравје и влијанието врз
квалитетот на нивниот живот.
Материјал и методи. Клиничко и епиде-
миолошко испитување, опсервациска
студија спроведена кај 80 пациенти од
геријатриска популација над 65 години
од ЈЗУ УСКЦ „Св. Пантелејмон“, Скопје.
За евалуација беше користен геријат-
риски индекс за процена на оралното
здравје (GOHAI) како специјализирана
алатка за проценка на проблемите на
оралната функција и ефектите од изве-
дениот дентален третман.
Резултати. Во однос на бројот на пре-
останати заби како најважен показател
за состојбата на оралното здравје, про-
сечниот број на преостанати заби во гор-
на и долна вилица кај пациентите беше
14,5 во интервал 4-23 заби. Вредноста на
вкупниот резултат кој се однесува на
квалитетот на животот и оралното
здравје на испитаниците GOHAI-12 ва-
рира во интервалот 15,48 ± 5,19 мини-
малната вредност е 6, а максималната 32.
Заклучок GOHAI-12 скорот е со многу
ниска вредност, помала од 50 и укажува
дека испитаниците се со лошо орално
здравје и според резултатите од само-
оценувањето постои многу слаба до уме-
рена перцепција за состојбата на нивно-
то оралното здравје.
Клучни зборови: геријатрија, орално
здравје, меки орални ткива, скрининг

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Budima Pejkovska Sahpaska
Date Deposited: 04 Dec 2023 13:10
Last Modified: 04 Dec 2023 13:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32764

Actions (login required)

View Item View Item