Менаџмент на настани

Filiposki, Oliver (2023) Менаџмент на настани. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-277-014-7

[thumbnail of Menagment na nastani 2023 R.pdf] Text
Menagment na nastani 2023 R.pdf

Download (499kB)

Abstract

Книгата е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Менаџмент на настани.
Оваа книга е од областа на туризмот и угостителството. Се состои од 15 поглавја, што е во согласност со Наставниот план и програмата на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Предметот Менаџмент на настани, за којшто е наменета книгата, е задолжителен предмет за прв циклус на студии на насоката Хотелско ресторански менаџмент во четврта година и изборен на насоката Туризам и угостителство во трета година. Исто така, може да ја користат и студентите од втор циклус на студии како основна литература за истоимениот предмет на насоката Меѓународен туризам кој им е изборен и за студиска програма со 60ЕКТС и за студиската програма со 120 ЕКТС.
Книгата претставува основна литература во изучување на предметната програма од горенаведената наставна дисциплина. Материјалот во ракопис за книгата е изложен концизно и прегледно со што е лесно разбирлив и совладлив од страна на студентите за кои е наменет. Учебникот можат да го користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Менаџмент на настани, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Учебникот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Менаџмент на настани и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите.
Предметната програма по предметот Менаџмент на настани е составена од 15 поглавја и тоа: Дефинирање, видови и значење на настаните, Значење на настаните за развој на туризмот, Манифестациски туризам, Менаџмент на настани, Процес на менаџмент на настани, Подготовка на содржината на програмата на настанот, Услуги кои се користат за организација на настани, Планирање буџет за организација на настан, Договори за организација на настан, Комуницирање со учесниците во настанот, Промотивни активности поврзани со настан, Квалитет на услугите содржани во настанот, Безбедносни мерки за организација на настан, Методи за испитување на учесниците во настанот и Трендови и перспективи за развој на настаните.
Во разработката на книгата е користена соодветна литература од познати автори и институции од областа на менаџмент на настани. Денес, настаните зафаќаат централно место во нашата култура, како никогаш досега. Зголемувањето на слободното време и приходите доведоа до зголемувањето на бројот на јавни настани, прослави и забава.
Значењето на настаните, доведува до појавата на Менаџментот на настани како посебна научна дисциплина која се изучува во средните стручни училишта и на универзитетите. Студиите за настани е академска област посветена на создавање на знаења и теорија за управување со настани.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, за сите забелешки, мислења и коментари, авторот ќе Ви биде благодарен и ќе ги земе во предвид при создавање на следни дополнителни и проширени изданија. Искажувам благодарност до сите колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Oliver Filiposki
Date Deposited: 28 Nov 2023 08:36
Last Modified: 28 Nov 2023 08:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32622

Actions (login required)

View Item View Item