Технологија на готови јадења

Kuzelov, Aco and Nakov, Dimitar (2023) Технологија на готови јадења. Универзитет "Гоце Делчев" - Штип.

Full text not available from this repository.

Abstract

Готовите јадења во конзерва претставуваат храна која поминала процес на преработка и која може да се консумира без дополнителен третман за контрола на микробната контаминација. Овој вид храна не мора дополнително да се приготвува пред консумирање, (можеби, освен миење, одмрзнување или умерено загревање). Затоа, во денешно време на „брзо“ живеење, оваа храна широко е прифатена од страна на потрошувачите. Побарувањата од прехранбената индустрија за овој вид храна секојдневно се зголемуваат и претставуваат бизнис од милионски суми. Во супермаркетите може да се најде широка палета на готови јадења која вклучува: конзерви од месо, готови јадења од месо во конзерва, колбаси, ладни сендвичи, салати од пилешко или црвено месо, млечни производи, риба и морска храна, овошје и зеленчук. Замрзнатата храна како: сладолед, замрзнат јогурт, замрзнато овошје и смути, исто така, се вбројуваат во готова храна за консумирање. Секако, во оваа палета на производи се и производите кои не се подложни на процесите на ладење: леб, апетисани, путер, чоколадо и многу други.
Сите горенаведени факти за готовите јадења и причината што во нашата држава нема учебник од оваа област, беше поттик да се зафативме со пишување на овој учебник кој е пишуван според наставната програма за предметот „Технологија на готови јадења“, кој се слуша во седмиот семестар на студиската програма „Квалитет и безбедност на храна“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Учебникот е наменет за студентите кои би го користеле како основна литература за изучување на истоимениот предмет. Во учебникот се обработени поглавјата: „Поим и поделба на готовите јадења“; „Значење на готовите јадења во современото општество“; „Суровини за производство на готови јадења, особини и подготовка“; „Зачини и адитиви“; „Амбалажа“; „Хигиенски дизајн на објектите и опремата за преработка на месо и производство на готови јадења“; „Хигиенска исправност и безбедност на готовите јадења и на полуподготвената храна“; „Јадења во желатин“; „Супи и концентрати за супи“; „Стерилизирани готови јадења“; „Замрзнати готови јадења“; „Состав, биолошка и енергетска вредност на готовите јадења“. Секако, гореспоменатите наставни целини се премногу обемни за детално да бидат опфатени во еден учебник. Затоа, одлучивме посебен акцент да ставиме и детално да ги обработиме стерилизираните (готови) јадења во конзерва, односно готовите јадења од месо во конзерва и готовите јадења од месо и зеленчук во конзерва.
Содржините презентирани во овој учебник можат да преставуваат солидна теоретска основа за совладувањето на материјата, а може да им биде од помош и на технолозите, менаџерите и раководителите кои работат во индустријата за производство на готови јадења.
Од особена важност за нас авторите ќе бидат сите забелешки и сугестии за евентуално направените пропусти при подготвувањето на овој учебник. Истовремено, ќе бидеме благодарни на сите добронамерни корисници на учебникот кои со своите конструктивни забелешки ќе дадат свој придонес во идните изменети и дополнети изданија на учебникот.

Item Type: Book
Subjects: Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dimitar Nakov
Date Deposited: 22 Nov 2023 10:45
Last Modified: 22 Nov 2023 10:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32619

Actions (login required)

View Item View Item