Trajchev, Metodija and Nakov, Dimitar (2020) Микробиологија со заразни болести (изборен), учебник за III и IV година Земјоделско-ветеринарна струка, профил: ветеринарен техничар. Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија. Ministerstvo za obrazovanie i nauka na Severna Makedonija.
Text
Mikrobiologija so zarazni bolesti-izboren.pdf Download (401MB) |
Abstract
Ветеринарната микробиологија, како дел од ветеринарната медицина, заедно со останатите природни науки постојано се развива, унапредува и менува. Новите научни истражувања и клинички искуства постојано ја надоградуваат базата на знаења. Постојано се менуваат и унапредуваат техниките и методите на истражување, што резултира со откривање на нови микроорганизми и микро структури претходно непознати, менување на техниките за дијагностицирање на заразните болести и воведување на нови. Новите откритија наметнуваат воведување на нови начини за третман на заболените животни и менување на пристапите при превенирањето на одредени заразни болести. Научниците и авторите чија цел на научно истражување е микробиологијата и заразните болести, постојано ги проверуваат старите научни достигнувања во обид да докажат дека тие се во склоп со новите стандарди и методологии. Меѓутоа, микробиологијата е жива материја, таа постојано се менува, а луѓето се живи суштества кои во текот на работата знаат да погрешат и да донесат погрешни заклучоци. Понекогаш заклучоците кои во одреден момент мислиме дека се грешни, можеби подоцна со развојот на новите техники ќе донесат откритија со епохално значење. Затоа со учебникот сакаме да ги охрабриме учениците да ја негуваат и унапредуваат научната мисла, да ги потврдуваат или отфрлаат старите сознанија и да донесуваат нови кои ќе им ги остават во наследство на идните генерации. Учебникот е наменет за учениците во насоченото образование кои сакаат да го збогатат своето знаење од областа на микробиологијата и заразните болести. Начинот на кој се изнесени одредените поглавја е детерминиран од претходните наставни програми по предметот Микробиологија со заразни болести, задолжителен предмет за II (втора) и III (трета) година, Земјоделско-ветеринарна струка, ветеринарен техничар. Овој пристап овозможува логичен редослед на наставните целини и оформување на знаењата од оваа научна област.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Veterinary science |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Dimitar Nakov |
Date Deposited: | 22 Nov 2023 10:43 |
Last Modified: | 22 Nov 2023 10:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32617 |
Actions (login required)
View Item |