Анализа на ризик-факторите за појава на клинички мастит кај млечни крави во Република Македонија

Nakov, Dimitar (2011) Анализа на ризик-факторите за појава на клинички мастит кај млечни крави во Република Македонија. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

[thumbnail of Анализа на ризик-факторите за појава на клинички мастит кај млечни крави во Република Македонија.pdf] Text
Анализа на ризик-факторите за појава на клинички мастит кај млечни крави во Република Македонија.pdf

Download (3MB)

Abstract

Клиничкиот мастит претставува многу често здравствено нарушување на фармите за млечни крави.
Направени се едногодишни истражувања на три фарми за млечни крави. Секоја од фармите поседува различна технологија на одгледување. За детерминирање на клиничкиот мастит и ризик-факторите за негова појава вкупно беа следени 1031 кравa од црно-белата раса, со 1267 лактации. Кравите со клинички мастит беа откриени со помош на клинички преглед на млечната жлезда и со утврдување на промените на млекото.
Годишната преваленција на клинички мастит кај целата испитувана популација на крави изнесуваше 34,14% на 100 животни во ризик, односно 30,07% на 100 лактации. Во истражувањето беше евидентирана висока преваленција кај првотелките, која во Фармите 1, 2 и 3 изнесуваше 21,43%, 40,77% и 12,55%. Лактацискиот инцидентен ризик во Фармата 1 изнесуваше 25,00%, во Фармата 2, 95,58% и во Фармата 3, 21,49%. Со зголемувањето на староста, односно лактацијата по ред, се зголемуваше преваленцијата и лактацискиот ризик за појава на клинички мастит. Преваленцијата на заболени четвртинки се зголемуваше до четвртата лактација, а потоа опаѓаше. Задните четвртинки почесто заболуваат од клиничка форма на мастит во однос на предните.
Статистичките анализи беа направени со помош на Општиот линеарен модел, униваријантна процедура. Единствен статистички значаен ризик-фактор кој влијаеше врз дистрибуцијата на клиничкиот мастит меѓу четвртинките од млечната жлезда, претставуваше конформацијата на задните четвртинки (p<0,01). Во текот на истражувањето, најголем број крави заболеа од еден (68,24%) или два (18,63%) случаја на клинички мастит во текот на лактацијата. Во најголем број од случаите на клинички мастит имаше заболено само една четвртинка од млечната жлезда. Од испитаните ризик-фактори, статистички значајно влијание врз појавата на клинички мастит покажаа менаџментот на фармите, сезоната на телење, конформациските карактеристики на предните и задните четрвтинки од млечната жлезда. Генерално, влијанието на сезонските варијации врз појавата на клинички мастит во текот на годината беа мали, со исклучок на сезоните пролет и есен.
Временскиот период од почетокот на лактацијата до појавата на првиот случај на клинички мастит беше релативно долг. Влијанието на фармите, периодот од годината и периодот од лактација врз бројот на бактерии во испироците од предните и задните папили на млечната жлезда покажа статистички висока значајност (p<0,001).
Зголемената млечност кај кравите, статистички значајно (p<0,001) влијаеше врз појавата на клиничкиот мастит. Млечноста кај кравите значително се намалуваше (p<0,001) за време на лактацијата, во периодот по појавата на клиничкиот мастит.

Клучни зборови: млечни крави, клинички мастит, ризик-фактори.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Agricultural Sciences > Veterinary science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dimitar Nakov
Date Deposited: 17 Nov 2023 12:51
Last Modified: 17 Nov 2023 12:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32575

Actions (login required)

View Item View Item