Ana Marija, Taseva Vasileva and Angela, Aleksovska and Marija, Stojanovska (2023) Дилема со двојна дијагноза: Разоткривање на спондилодисцит и инфективен ендокардит кај пациент со замор, болка во грб и треска. In: Прв национален симпозиум на млади лекари.
Text
18524433 (1).pdf Download (1MB) |
|
Text
Poster Dual Dilemma Diagnosis Spondylodiscitis and Infective Endocarditis.pdf Download (758kB) |
|
Text
Dual Diagnosis Dilemma_Unmasking Spondylodiscitis and Infective Endocarditis in a Patient Presenting with Fatigue, Back Pain and Fever.pdf Download (307kB) |
Abstract
Инфекциите на рбетниот столб може да се презентираат со широк спектар на клинички симптоми. Најчест симптом е болка во грбот, но невролошки дефицити не се реткост.
Целта на овој труд е да се акцентира на неспецифичните симптоми на замор, грбна болка и покачена телесна температура, кои се среќаваат кај различни болести и е потребно детално испитување со цел нивно етиолошко разјаснување.
Презентираме случај на 67 годишен пациент кој беше примен на одделение за неврологија поради замор, долногрбна болка, покачена телесна температура и нестабилност во одот. Беа спроведени серија на дијагностички испитувања за да се утврди точната причина. Неспецифичните симптоми на малаксаност, слабост, екцесивното ноќно потење и треска разбудија сомнеж за можно кардијално потекло.
Лабораториските анализи покажаа покачени вредности на СЕ и ЦРП, а хемокултурите беа негативни. MR на Л-С рбет откри хипосигнална, делумно лобулирана промена на ниво на Л-1 прешленско тело и хетеросигнален приказ на ИВ диск. Промената би можела да одговара на состојба на спондилодисцит. ЕМНГ наодот укажува на хронична лезија на проксималниот дел од моторниот неврон. Ехокардиографијата откри дилатирана лева предкомора, со задебелен митрален залисток и присутна хиперехогена топчеста маса во предел на врвот на преден митрален куспис. Иста таква формација се прати на интравентрикуларниот септум, суспектни за ендокардијални маси и тешка митрална инсуфициенција.
Спондилодисцитот е честа придружна компликација на инфективниот ендокардит, најверојатно поради хематогената дисеминација на инфективниот агенс. Затоа, во сите случаи на спондилодисцит , присуството на инфективен ендокардитис треба темелно да се испита и да се исклучи.
Kлучни зборови : спондилодисцит, инфективен ендокардит
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ana Marija Taseva |
Date Deposited: | 17 Nov 2023 10:24 |
Last Modified: | 17 Nov 2023 10:24 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32559 |
Actions (login required)
View Item |