Основни концепти на туризмот

Ilievska, Nadica and Todorovic, Emilija and Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver (2023) Основни концепти на туризмот. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-18-4

[thumbnail of Osnovni koncepti na turizmot.pdf] Text
Osnovni koncepti na turizmot.pdf

Download (1MB)

Abstract

Книгата „Основни концепти на туризмот“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, учениците, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со учество во туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката и основните концепти на туризмот.
Во разработката на содржината, користена е релевантна литература од познати автори и институции од областа на туризмот. Материјалот во книгата е поделен во четири основни поглавја.
Првата глава во книгата, насловена како „Поим и развој на туризмот“, ги опфаќа содржините поврзани со развојниот пат на туризмот како општествена појава, основните карактеристики на туризмот, поим и класификација на туристичките потреби и мотиви и перспективите за развој на туризмот во Северна Македонија и во светот.
Во втората глава „Фактори и функции на туризмот“, направен е преглед на различните фактори на туристичка побарувачка и понуда, како и значењето на посредничките фактори во туризмот. Исто така, во оваа глава се прави осврт на економските и неекономските функции на туризмот.
Третата глава „Видови туризам“, содржи класифицирање на видовите туризам според различни критериуми. Во овој дел е обрнато внимание и на карактеристиките на различни видови туризам врз основа на местото на одвивање на туристичката дејност, како и специфичните видови туризам кои се засноваат на културни и природни елементи.
Четвртата глава е посветена на „Туризмот и останатите стопански и нестопански дејности“. Во овој дел се обработуваат содржини за поврзаноста и меѓусебното влијание на туризмот со стопанските и нестопанските дејности, како и стопанското значење и економските ефекти од соработка на туризмот со другите дејности.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со основните аспекти на туризмот. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 16 Oct 2023 09:19
Last Modified: 16 Oct 2023 09:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32389

Actions (login required)

View Item View Item