Непрепознаен бактериски ендокардитис - причина за церебрална хеморагија

Taseva Vasileva, Ana Marija and Milunovikj, Tomislav and Klinceva, Milka and Mitrev, Zan (2023) Непрепознаен бактериски ендокардитис - причина за церебрална хеморагија. In: 7. Македонски кардиолошки конгрес.

[thumbnail of Poster Infective Endocarditis.pdf] Text
Poster Infective Endocarditis.pdf

Download (826kB)
[thumbnail of Zbornik-Kardilogija-Kongres-2023_V2.2-149-151.pdf] Text
Zbornik-Kardilogija-Kongres-2023_V2.2-149-151.pdf

Download (148kB)
[thumbnail of Zbornik-Kardilogija-Kongres-2023_V2.2-1-4.pdf] Text
Zbornik-Kardilogija-Kongres-2023_V2.2-1-4.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of NAJNOVI KOREKCII PROGRAMA MKD 16.09.2023 НАЈНОВО (1).pdf] Text
NAJNOVI KOREKCII PROGRAMA MKD 16.09.2023 НАЈНОВО (1).pdf

Download (902kB)

Abstract

Вовед: Инфективниот ендокардитис е инфекција со висок морбидитет и морталитет, поврзана со сериозни компликации.
Целта на овој приказ на случај е да ја покажеме важноста од навремената дијагноза на бактерискиот ендокардитис, како и една од контраиндикациите на антикоагулантната терапија.
Материјали и методи: Маж на 63 годишна возраст, без кардиоваскуларни коморбидитети, дезориентиран и конфузен, со податок за дентална интервенција пред два месеци после која доживеал мозочен удар, доаѓа на кардиолошки преглед. Пациентот земал аценокумарол по шема поради претпоставка дека имал атријална фибрилација како причина за мозочниот удар. Направени се лабораториски анализи, хемокултура, ехокардиографија, магнетна резонанца на срце и МСКТ на мозок.
Резултати: Трансторакалната ехокардиографија покажа тешка митрална стеноза со умерена митрална регургитација, суспектна вегетација на предниот митрален куспис. 256-МСКТ на мозок покажа субакутни постисхемиски лезии и церебрална хеморагија. Лабораториските анализи беа во прилог на зголемени инфективни маркери (ЦРП-71,8 mg/l). Хемокултурата беше позитивна на Streptococcus viridans. Магнетната резонанца на срце потврди комбинирана митрална болест, исклучи присуство на тромби. После антибиотска терапија за бактериски ендокардитис и санирано мозочно крварење, кај пациентот беше направена замена на митралната валвула со биолошка протеза. Постоперативниот тек помина без компликации. Пациентот е асимптоматски 2 години после операција.
Заклучок: Бактерискиот ендокардитис е една од причините за мозочен удар. Темелна анамнеза и соодветна дијагностика се неопходни за навремена дијагноза и превенција на компликации од бактериски ендокардитис.
Клучни зборови: инфективен ендокардитис, церебрална хеморагија, Streptococcus viridans, митрална стеноза

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ana Marija Taseva
Date Deposited: 16 Oct 2023 09:10
Last Modified: 16 Oct 2023 09:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32380

Actions (login required)

View Item View Item