Народната лексика во „Стерна“ од Б. Конески

Nikolovska, Violeta (2022) Народната лексика во „Стерна“ од Б. Конески. In: Денови на Благоја Корубин: Лексиката во народните говори - состојби и перспективи, 17-18 Nov 2022, Struga. (In Press)

[thumbnail of ПРОГРАМА ЗА СОБИРОТ (Корубин 2022).pdf] Text
ПРОГРАМА ЗА СОБИРОТ (Корубин 2022).pdf

Download (218kB)
[thumbnail of Стерна Конески.pdf] Text
Стерна Конески.pdf

Download (191kB)

Abstract

Во анализата поаѓаме од тезата дека основата на македонскиот литературен јазик е народна
(Конески 1982: 59). Оттука произлегува дека во основа на речникот на литературниот македонски јазик е
народната лексика, која истовремено е и еден од изворите за нејзино збогатување. Самиот Конески, како еден
од кодификаторите на стандардниот македонски јазик, кога теориски ги разгледува принципите на
создавањето на официјалниот македонскиот литературен јазик, вели: „Ние досега на повеќе места имавме
можност да се увериме дека во составот на нашиот литературен јазик имаме такви белези што ја затврдуваат
неговата широка основа во различните народни дијалекти... ...вистина е меѓутоа и дека ред особености на
литературниот јазик се примаат повеќе или помалку спонтано во резултат на она сугестивно и авторитетно
дејствување од страна на веќе изјавеното како одреден јазичен облик во творбите на литературата, за кое
стануваше збор малце погоре“ (Конески 1982: 65). Конески е и теориски кодификатор на стандардниот
македонски јазик, но истовремено тој спаѓа и во оние литературни дејци кои сугестивно и авторитетно
дејствувале во создавањето и развитокот на литературниот јазик преку своите творби во литературата, како
што самиот вели. Како пример за тоа дејствување ја земаме поемата „Стерна“. Она што можеме со сигурност
да тврдиме е дека Конески има едно посебно инуитивно чувство за јазикот, особено за неговата лексика. Наша
задача во овој труд е тоа да го покажеме со примери.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Violeta Nikolovska
Date Deposited: 10 Oct 2023 08:26
Last Modified: 10 Oct 2023 08:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32364

Actions (login required)

View Item View Item