Приказ на случај: Ренален инфаркт како последица на тромбоза и дисекција на ренална артерија

Gareska Trajkoska, Marija and Taseva Vasileva, Ana Marija and Eftimova, Aleksandra and Kalpak, Oliver and Karanfilovikj, Angela and Gjulshen, Selim (2023) Приказ на случај: Ренален инфаркт како последица на тромбоза и дисекција на ренална артерија. In: Трет меѓународен симпозиум по тромбоза.

[thumbnail of CASE REPORT.pdf] Text
CASE REPORT.pdf

Download (233kB)
[thumbnail of Zbornik-Kardilogija-2023_web (1) (3).pdf] Text
Zbornik-Kardilogija-2023_web (1) (3).pdf

Download (615kB)
[thumbnail of casereport-eng.pdf] Text
casereport-eng.pdf

Download (636kB)

Abstract

Вовед: Спонтаната тромбоза и дисекција на реналната артерија е клинички ентитет кој има ретка појава и неспецифична симптоматологија.
Цели: Цел ни беше да го споделиме дијагностичкиот и терапевтскиот предизвик кај артериска тромбоза на ренална артерија, кај млад пациент на 36 годишна возраст, компликуван со транзиторно бубрежно засегање.
Материјал и методи: Резултатите од биохемиските анализи на крв се во референтни вредности, со исклучок на LDH-766 U/L, и ALT-64 U/L. На ехотомографија на ниво на лев бубрег, среден лобус, се прати зпна на зголемена ехогеност. На доплер на лева ренална артерија се следат две зони со послаба васкуларизација, на долен и на среден пол. КТ на абдомен во прилог на дисекција на гранка од рачвање на ренална артерија во лев бубрег, со инфаркт на горен пол, средна третина и долен пол. Дисецираниот дел е тромбозиран. Направена МР ангиографија со резултати во прилог на дисекција и тромбоза на лева ренална артерија со присутна исхемија. Хемосртаза уредна, тестови за тромбофилија покажуваат хетерозигот за F13, ITGA2, MTHFR1298, MTHFR677, хомозигот за FGB, PAI-1.
Резултати: по консултација со мултидисциплинарен тим, одлучено е дека кај пациентот не постои индикација за инвазивно лекување, присутна е зачувана бубрежна функција, нормален крвен притисок и уреден проток низ реналната артерија. Поставен на орална антикоагулантна терапија.
Заклучок: Постојат два терапевтски пристапи за оваа состојба: конзервативен третман, кој вклучува антихипертензивна и антикоагулантна терапија и инвазивен третман, ренална артериографија и ендоваскуларно стентирање. Во овој случај, неинвазивниот пристап се покажа како најдобра можност за успешен третман.
Клучни зборови: ренален инфаркт, тромбоза, дисекција

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ana Marija Taseva
Date Deposited: 24 Oct 2023 08:46
Last Modified: 24 Oct 2023 08:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32360

Actions (login required)

View Item View Item