Veselinova, Borjanka (2020) Производи од растително потекло со цитотоксична активност. Knowledge – International Journal Scientific Papers, 42 (3).
Text
4578-Article Text-8024-1-10-20201110.pdf Download (436kB) |
|
Text
articles.pdf Download (463kB) |
|
Text
Cover page.pdf Download (326kB) |
|
Text
editorial board.pdf Download (420kB) |
Abstract
Ракот е водечки убиец во развиените земји, притоа милијарда долари се трошат за развој на сите видови третмани за истиот. Ваквите третмани мора да се развијат со цел да се помогне на заболените од оваа болест. Ракот претставува една од најспецифичните болести на луѓето што предизвика интерес кај науката за откривање нови антитуморски агенси од природни производи. Системската терапија со цитотоксични лекови е основа на повеќе ефективни третмани кај различни видови на канцер. Како и да е реакцијата на туморот на разни хемотерапевтици се разликува. Несаканите ефекти се чести поради појава на резистенција кон лековите.
Од одредени видови од копнената флора како и морската фауна и флора се создаваат антиканцерогени лекови. Но од потесен интерс на овој труд ќе претствауваат копнените видови на растенија т.е. билките кои за содавање на ваквите лекови ги содржат потребните компоненти. Билките се основа за лекување на болести во традиционалната медицина но имаат главна улога во примарната здравствена заштита. Нивната употреба во лекувањето на болестите е стара колку и човештвото. Растителните материјали се користени со векови во лекување на малигните заболувања. Истражувањето е насочено кон различни природни производи кои поседуваат антитуморски својства што резултира со откривање на ефикасни антитумурски агенси. Постојат голем број на растенија кои поседуваат цитотоксична активност меѓу кои спаѓаат: лукот, кромидот, доматот, сојата, лененото семе, лубеница, зелениот чај, бела имела, ризом од куркума и др. Етеричните масла добиени од овие растенија и нивните компоненти стануваат се повеќе популарни како природни биоактивни агенси и се повеќе се користат во третман на канцер. Ваквите масла се создаваат преку користење на разни методи како и механизми за обработка на растенијата. На тој начин добиените масла помагаат во третманот на пациентие заболни разни видови на рак.Последните години фармацевтските компании но и воопшто науката која директно или индиректно се занимава со ваквите истражувања постојано развива начини за скрининг и откривање на нови антиканцер соединенија од билките. Продолжувањето на ваквиот истражувачки тренд само ќе го зголеми начинот на создавање поефикасни соединија со поголема моќ на дејствување против канцерогените клетки. Затоа дерталното познавање на разните механизми со кои се врши контрола на пролиферацијата ќе донесе и голем број на лековити средства на база на антитуморска активност. Самиот факт дека неколку антитуморски лекови (етопозид, винкристин, таксол) се добиени од билки ја истакнува важноста на растенијата во превенцијата и третманот на ракот.
Клучни зборови: рак, билки, лек, медицина.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Borjanka Veselinova |
Date Deposited: | 09 Oct 2023 09:44 |
Last Modified: | 09 Oct 2023 09:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32355 |
Actions (login required)
View Item |