Miceva, Dijana and Lazarova, Biljana and Drakalska, Elena (2023) Евалуација на болничка фармација – фармацевтска грижа и услуги. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.
Text
прв симпозиум УГД.pdf Download (957kB) |
|
Text
Programa.pdf Download (1MB) |
|
Text
Kniga na apstrakti, final, 2023_kratok izvadok.pdf Download (480kB) |
|
Text
Kniga na apstrakti, final, 2023_opsti strani.pdf Download (688kB) |
Abstract
Здравствената стратегија на Република Македонија која е донесена во 2021 година и проектирана до 2030 година е фокусирана на: организација на здравствената заштита, (квалитет, планирање и човечки ресурси), финансирање и фармацевтски услуги. Имајќи го предвид последниот приоритет, дефинирани се општите принципи за воспоставување фармацевтски услуги, како и улогата на фармацевтите во терапевтското управување со лекови, самолекувањето и промоцијата на здравјето. Целта е да се идентификуваат квалитетот и стандардите на болничката фармација врз основа на фармацевтската нега и услуги во болничките аптеки во Република Северна Македонија. За таа цел беше подготвен структуриран прашалник и истиот беше доставен по електронски пат, по пошта и/или директно до фармацевтите од 15 болнички аптеки, од кои 11 беа централни и 4 од терциерна здравствена заштита. Прашалникот беше распореден во неколку дела и тоа: пристап до податоците за пациентот и улогата на фармацевтот во терапевтското управување со лекови, пристап до информациите за лекови, достапност и комуникација со информативните центри за лекови, комуникација со центарот за несакани реакции, компетентност на персоналот, континуирана едукација и професионален развој. Прашањата беа одговорени со внесување на една од трите опции: А (имплементирана), Б (делумно имплементирана) и В (не имплементирана). Врз основа на резултатите добиени од прашалникот кои укажуваат на делумно спроведување на добрата фармацевтска пракса и фармацевтска грижа во болничките аптеки, евидентна е потребата од подобрување на болничката фармација, особено во доменот со едукација и советување на пациентите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Dijana Miceva |
Date Deposited: | 19 Dec 2023 11:50 |
Last Modified: | 19 Dec 2023 11:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32347 |
Actions (login required)
View Item |