Минијатурите на Ацо Шопов.

Nikolovska, Violeta (2023) Минијатурите на Ацо Шопов. In: Меѓународна научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“. (In Press)

[thumbnail of Програма на конференцијата Ацо Шопов.pdf] Text
Програма на конференцијата Ацо Шопов.pdf

Download (915kB)
[thumbnail of Aco Sopov.pdf] Text
Aco Sopov.pdf

Download (210kB)

Abstract

Предмет на нашето излагање ќе бидат „Минијатурите“ на Ацо Шопов, издадени во стихозбирката „Слеј се со тишината“ во 1955 година. Хронолошки и содржински тоа се песни што
припаѓаат на модернизмот како правец. Тие се интимистички, реални записи како кратки импресии.Тоа се песни од, според А. Прокопиев, интимистичката фаза на Шопов, возбудливи и сублимни куси поетски форми во кои поетот е како сликар, поточно фотограф на моменти од реалноста („Лист“,
„Штрк“, „Верглата“) преку кои ги изразува своите длабоки, интимни чувства кои не се моментни,туку се повеќе како состојба на душата. Во нив Ацо Шопов е нежен, носталгичен, се открива како грижлив родител („Залажување“). Во „Минијатурите“ поетот Ацо Шопов ја нема онаа жестокост
што ја има во други песни и други збирки поезија („Раѓање на зборот“, „Небиднина“, „Гледач во пепелта“, „Црно сонце“). Всушност, во секоја песна, во секоја збирка, откриваме една нова димензија на личноста на Шопов. И содржински, и во формален поглед, „Минијатурите“ на Шопов се разликуваат од останатите песни од неговата поетска оставштина. За Соња Стојменска – Елзесер, „Минијатурите“ на Шопов се поетски кроки – цртежи, миговни исечоци од пејсаж кои носат длабока
рефлексивна содржина. Токму на овие минијатурни поетски одблесоци, на нивната интимна длабочина и рефлексивност што ја носат во себе, ќе се обидеме да дадеме наше видување.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Violeta Nikolovska
Date Deposited: 04 Oct 2023 09:11
Last Modified: 04 Oct 2023 09:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32340

Actions (login required)

View Item View Item