Доксициклин хиклат – новитет во третманот на пародонтална болест

Gligorovski, Aleksandar and Petrovski, Mihajlo and Terzieva-Petrovska, Olivera and Mladenovski, Marko (2023) Доксициклин хиклат – новитет во третманот на пародонтална болест. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.

[thumbnail of trud aleksandar.pdf] Text
trud aleksandar.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of aleksandar prezentacija.pdf] Text
aleksandar prezentacija.pdf

Download (448MB)

Abstract

Во современата пародонтологија, доксициклин хиклатот зазема значајно место како дополнителна алатка во третманот на пародонталната болест. Целта на оваа презентација е да
се направи приказ на еден современ медикамент во третманот на пародонталната болест - доксициклин хиклат. Од фармаколошки аспект мора да се истакне дека овој медикамент се апсорбира во тенкото црево од каде што поминува во крвотокот. Понатаму преку циркулацијата минува во мекото и коскеното ткиво. Доксициклин хиклатот е достапен во форма на капсули од 20 mg и се дозира двапати на ден. Доксициклин хиклатот доведува до супресија на активноста на колагеназата, посебно онаа продуцирана од страна на полиморфонуклеарните леукоцити. На тој начин ја намалува зголемената активност на колагеназа во гингивалната сулкусна течност кај пациенти со хронична пародонтопатија. Она што е најзначајно за oвој лек е дека иако припаѓа во групата на антибиотици, тој во суштина не предизвикува антибиотски ефекти, доминантно поради тоа што дозата од 20 mg двапати на ден е премногу ниска за да влијае на бактериите. Затоа, овој производ не треба да се користи за намалување на бројот или елиминирање на оние микроорганизми поврзани со која било пародонтална болест. Единствен и главен недостаток е
фактот дека овој лек е контраиндициран кај лица кои покажале преосетливост на доксициклин или кој било од другите тетрациклини. Како заклучок можеме да забележиме дека доксициклин хиклатот е индициран за употреба како дополнение на механичката обработка на пародонталните џебови и коренот за да се промовира зголемување на нивото на припојот и да
се намали длабочината на пародонталните џебови кај пациенти со хронична пародонтопатија.
Клучни зборови: доксициклин хиклат, хронична пародонтална терапија, терапија на пародонтална болест, локален антибиотик.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mihajlo Petrovski
Date Deposited: 03 Oct 2023 12:29
Last Modified: 03 Oct 2023 12:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32321

Actions (login required)

View Item View Item