Локални антимикробни агенси во третманот на пародонталната болест

Velkovska, Angela and Petrovski, Mihajlo and Papakoca, Kiro and Mladenovski, Marko (2023) Локални антимикробни агенси во третманот на пародонталната болест. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.

[thumbnail of poster angela.pdf] Text
poster angela.pdf

Download (249kB)
[thumbnail of trud angela.pdf] Text
trud angela.pdf

Download (1MB)

Abstract

Употребата на локални антимикробни агенси во третманот на пародонталната болест се смета дека претставува значително дополнение на конвенционалните механички терапевтски
модалитети. Главната цел на овој труд е приказ на значењето на локалните антимикробни агенси кои може да се користат при пародонталната терапија. Доминантно кај пациенти со
напредната пародонтална болест, ваквите медикаменти со локално деjство се значајни во третманот на локализирани пародонтални дефекти поголеми од 5 mm, кај кои се јавува
крвавење по сондирање и кога не реагираат на примарна терапија. Паралелната механичка обработка заедно со субгингивално аплицирани локални медикаменти може да доведе до успешен третман, особено кај пациенти што имаат локализирани регии на рекурентни пародонтални дефекти. Концентрираните количини на локални медикаменти, пак, лесно може да бидат доставени до одредено заболено место со минимален ризик за системско дејствување на лекот. Локалната апликација на медикаменти ја намалува вкупната доза која треба да ја прими пациентот за 400 пати, со што се намалуваат и потенцијалните несакани ефекти од
употребата на системскиот антибиотик и создавањето на резистентни микроорганизми. Според методот на локалната дистрибуција во пародонталниот џеб овие медикаменти може да се класифицираат во две големи групи во зависност од разградливоста, и тоа на ресорптивни и нересорптивни. Како заклучок може да се истакне дека овие медикаменти аплицирани
субгингивално претставуваат само дополнителен тераписки модалитет, при што примарна улога имаат оралната хигиена и обработката на пародонталниот џеб.
Клучни зборови: локални антимикробни средства, локални антибиотици,
пародонтална болест, пародонтална терапија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mihajlo Petrovski
Date Deposited: 03 Oct 2023 12:34
Last Modified: 03 Oct 2023 12:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32320

Actions (login required)

View Item View Item