Хепатопротективна активност на растителни дроги

Lazarova, Sanja and Kokoskarova, Pavlinka and Maksimova, Viktorija (2023) Хепатопротективна активност на растителни дроги. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“.

[thumbnail of Programa.pdf] Text
Programa.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija.pdf] Text
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Presentation1.pdf] Text
Presentation1.pdf

Download (210kB)

Abstract

Лековитите растенија имаат значајна улога во здравствената заштита на луѓето. Голем процент од светската популација се потпира на употребата на традиционалната медицина што генерално се базира на хербални препарати. Црниот дроб е еден од најважните и најкомплексните органи во човековиот организам поради неговата специфична улога во метаболичките процеси во организмот. Притоа, најважната функција на црниот дроб е регулирање на биохемиските процеси и одржување на хомеостазата. Црнодробните заболувања се вбројуваат во групата на сериозни болести. Пронајдени се многу растенија чии фитоелементи покажале хепатопротективни карактеристики. Со помош на голем број експериментални истражувања, потврдено е хепатопротективното дејство на растенијата како Silybum marianum, Curcuma longa, Picorhiza kurroa, Phyllantus amarus, Glychyrriz glabra, Berberis vulgaris и др., при различни механизми на делување. Нивниот наизјразен ефект е нивното релативно силно антиоксидативното дејство. Многу често, едно растение не ги покажува сите посакувани дејства што сакаме да ги постигнеме во фитотерапевтскиот пристап на третманот и во тој случај е потребна комбинација на повеќе хербални екстракти или фракции за постигнување на саканиот резултат. Развојот на хербалните лекови со високи стандарди за безбедност и ефикасност може да го ревитализира и унапреди третманот кај црнодробните нарушувања и хепатопротективната ефикасност. Целта на ова истражување е да се направи преглед на најчестите хепатални заболувања кои се јавуваат како резултат на дисфункција на црниот дроб и намалување на оштетувањето предизвикано од хепатални стрес фактори и различни заболувања во организмот, со примена на соодветните фитотерапевтски пристапи кон нивно лекување, користејќи хербални дроги од соодветни растенија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Lazarova
Date Deposited: 02 Oct 2023 09:28
Last Modified: 02 Oct 2023 09:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32288

Actions (login required)

View Item View Item