Евалуација на соодветност на систем кај HPLC метод за определување содржина на мелоксикам во инјекции

Karpicarov, Dino and Gjorgjeska, Biljana (2023) Евалуација на соодветност на систем кај HPLC метод за определување содржина на мелоксикам во инјекции. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности и предизвици“, 23 Sept 2023, Мултимедијален центар на Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Северна Македонија.

[thumbnail of Karpicharov & Gjorgjeska (2023) Evaluacija na soodvetnost na sistem kaj HPLC metod za opredeluvanje sodrzina na meloksikam vo injekcii.pdf] Text
Karpicharov & Gjorgjeska (2023) Evaluacija na soodvetnost na sistem kaj HPLC metod za opredeluvanje sodrzina na meloksikam vo injekcii.pdf

Download (2MB)
[thumbnail of Programa.pdf] Text
Programa.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Kniga na apstrakti, final, 2023.pdf] Text
Kniga na apstrakti, final, 2023.pdf

Download (1MB)

Abstract

Евалуацијата на соодветноста на систем е интегрален дел од многу аналитички методи. Истата се базира на принципот дека опремата, електрониката, аналитичките операции и примероците за анализа претставуваат еден интегрален систем кој соодветно треба да биде евалуиран, со цел да се утврди дали истиот ги задоволува потребните стандарди на аналитичкиот метод. Соодветноста на систем треба да се разликува од валидацијата на аналитички метод. Имено, валидација се прави само еднаш, откако аналитичкиот метод ќе биде развиен, а соодветноста на систем може да се евалуира периодично, со цел да се утврди дали системот функционира правилно, и дали истиот е во можност да ја изврши соодветната анализа. Евалуацијата на соодветноста на систем се прави преку посебни параметри, означени како параметри за соодветност на систем. Нивниот избор, пред сè, зависи од видот на аналитичкиот метод. Во конкретниот случај, соодветноста на системот за HPLC, Waters Alliance (Waters corporation, USA), за изведба на реверзно – фазен изократски метод за определување на содржина на мелоксикам во инјекции, беше евалуирана преку три параметри: фактор на капацитет, фактор на симетрија и број на теоретски подови. Факторот на капацитет го покажува степенот до кој мелоксикамот се распределува во стационарната од мобилната фаза, факторот на симетрија ја покажува симетријата на хроматографскиот пик од мелоксикам, додека бројот на теоретски подови ја покажува способноста на колоната да даде тесен и остар хроматографски пик од мелоксикам. За потребите на евалуацијата, направени беа шест последователни инјектирања од претходно подготвен стандарден раствор на мелоксикам, и за секое од инјектирањата, определени беа параметрите за соодветност на систем.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Dino Karpicarov
Date Deposited: 02 Oct 2023 09:11
Last Modified: 02 Oct 2023 09:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32270

Actions (login required)

View Item View Item