Petrovski, Mihajlo (2023) Ортодонција и пародонтологија- заедно кон успешен третман. In: Симпозиум со меѓународно учество „Секојдневните предизвици на современата ортодонција“, 22 Apr 2023, Skopje.
Text
ортодонција и пародонтологија доц Петровски.pdf Download (1MB) |
|
Text
MSD2023.pdf Download (1MB) |
Abstract
Главната цел на ортодонтскиот третман е да се воспостави добра оклузија, да се овозможи подобрување на здравјето на пародонтот и да дојде до подобрување на денталната и естетиката на лицето. Значајно е да се напомене е фактот дека искористувањето на максимумот од она што ортодонцијата и пародонтологијата си го нудат меѓусебно започнува со идентификација на пародонталните состојби кои би можеле да станат покомплицирани за време на ортодонтската терапија и, обратно, оние кои би можеле да имаат корист од ортодонтската терапија. Ортодонтската терапија може да ја компромитира локалната одбрана поврзана со субгингивалните периопатогени кај осетливи пациенти и да резултира со оштетување и на интерпроксималните гингивални ткива и на алвеоларната коска. Пародонталниот ткивен комплекс, исто така, може да се оштети за време на ортодонтската терапија каде што пациентите имаат некаква форма на пародонтална или гингивална инфламација. Правилно акцентирање на процедурите за контрола на плак пред самата ортодонтска терапија, изменети и засилени во текот на целиот период на ортодонтско лекување, може да ја минимизираат појавата на инфламаторни состојби за време на терапијата. Поради тоа потребно е да им се укаже на пациентите потребата за истовремена супортивна пародонтална терапија како рутинска превентивна тактика за време на терапијата со фиксни ортодонтски апарати. Основната цел на оваа презентација е да ги презентира сите конекции на пародонтологија и ортодонција во текот на современата ортодонтска и естетска терапија.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Mihajlo Petrovski |
Date Deposited: | 11 Aug 2023 11:17 |
Last Modified: | 11 Aug 2023 11:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32044 |
Actions (login required)
View Item |