Влијание на различни типови на ферментатори врз полифенолниот профил на вина од сортите вранец и мерло

Piperevski, Aleksandar (2023) Влијание на различни типови на ферментатори врз полифенолниот профил на вина од сортите вранец и мерло. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Магистерски труд-Александар  Пиперевски-28.04.2023_MS  za Profesorka.pdf] Text
Магистерски труд-Александар Пиперевски-28.04.2023_MS za Profesorka.pdf

Download (1MB)

Abstract

Во овој магистерски труд беше определен полифенолниот профил на вина
од сортите Вранец и Мерло (берба 2021). Вината од двете сорти беа произведени
со примена на три методи на ферментација: класична метода, рото метода на
ферментација и метода со потиснување (punchdown). Полифенолниот профил на
примероците вино беше утврден со примена на ултрависокоефикасна течна
хроматографија комбинирана со масен детектор со квадрупол и масен анализатор
со време на прелетување (UPLC-QTOF-MS). Идентификацијата на соединенијата
се засноваше на ретенционото време, и масените спектри, во споредба со
достапните стандарди и податоци од литературата. Беа идентификувани и
семиквантифицирани 54 соединенија поделени во неколку групи и тоа: фенолни
киселини и нивни деривати, флавоноли, флаван-3-оли, дихидрофлавоноли
стилбени, антоцијани и нивни деривати. Поединечни стандардни раствори на 9
фенолни соединенија (гална киселина, ферулна киселина, кафена киселина, p�кумарна киселина, 3,4-дихидроксибензоева киселина, рутин, кверцетин и trans�ресвератрол) беа подготвени и користени за конструирање на калибрациони криви,
како и за квантификација на поединечните феноли. Беше направена валидација на
методот и определени следните параметри: линеарност, прецизност, интрадневна
и интердневна повторливост, граница на детекција (LOD) и граница на
квантификација (LOQ). Имајќи го предвид влијанието на методата на
ферментација, беше забележано дека со рото метода на ферментација се
постигнува најдобра екстракција на фенолите и кај двете сорти на вино Вранец и
Мерло. Со рото методата на ферментација, допирната површина помеѓу цврстите
делови од грозјето (семки и лушпи) со ширата е најголема, континуирана и
неагресивна, а тоа резултира со најголема екстракција на фенолните компоненти
од грозјето во виното.
Клучни зборови: Вино, полифеноли, UPLC-QTOF-MS, производство на вино,
методи на ферментација

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 05 Jul 2023 08:02
Last Modified: 05 Jul 2023 08:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32014

Actions (login required)

View Item View Item