Основи на менаџмент

Mitreva, Elizabeta (2023) Основи на менаџмент. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-244-953-1

[thumbnail of Repozitorium.pdf] Text
Repozitorium.pdf

Download (578kB)

Abstract

Целта и намената на ракописот е да ги подготви студентите за успешно совладување на основните знаења од областа на менаџментот кои ќе им помогнат во нивната идна работа.
Идејата во трудот е да се проучат и разберат искуствата што произлегуваат од начинот на кој менаџерите во развиените земји и во Република Северна Македонија успешно ги воведуваат концептите на современиот менаџмент во развојот на нивните бизниси, со што го зголемуваат нивниот стабилен раст и конкурентност. Унапредувањето на конкурентноста на бизнисот во локалната економија е силно поврзано со растечката улога на микро, малите и средни претпријатија, односно со нивно стимулирање на развојот и поттикнување на претприемништвото.
Во функција на унапредување на бизнисот и обезбедување услови за реален раст на македонската економија треба да се гледа преку нови идеи, инвестиции и отворање нови работни места, а пред сѐ во доживотното учење на македонските менаџери и вработените. Менаџерскиот кадар во претпријатието со својата добра волја и упорност треба да ги вклучи сопствените човечки ресурси, со формирање тимови од сите профили, интегрирајќи ги нивните знаења за да се постигне целосно владеење со квалитетот во сите процеси на претпријатијата, а при најмали трошоци на работење. На ваков начин ќе се овозможи на време да се спречат можните дефекти, на време да се елиминираат проблемите, со отстранување на евентуалните причини. Вообичаениот отпор и страв од промените бргу се надминува и се наметнува силна желба за промена на постојната состојба, со нов пристап кон квалитетот, со целосна посветеност спрема клиентот, вработените, околината и државата. Она што треба да го направат менаџерите е да ги прифатат промените и што побрзо да се вклучат во тековите на пазарното работење, во кое квалитетот на производите/услугите е главен предуслов за освојување на купувачите.
Во овој труд е дадена примената на разни стратегии, концепти и алатки за создавање и раст на бизнисот.
Комплексното третирање на оваа проблематика во трудот ги оправдува очекувањата за придобивките од него и тоа не само од теоретски, туку и од практичен аспект како современ начин за водење на бизнис. На ваков начин, апстрахирајќи се од чисто теоретски - историски пристап, авторот имаше за цел да даде осврт и свои согледувања за менаџмент на бизнисот, со едноставна мотивација, студентите и читателите да ги осознаат овие феномени кои се во центарот на интересирањето, како од теоретски така и од практичен аспект.
Ја изразувам мојата благодарност до рецензентите за нивните коментари и корисни предлози за подобрување на ракописот.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 04 Jul 2023 10:08
Last Modified: 15 Aug 2023 11:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31985

Actions (login required)

View Item View Item