Прирачник за родова застапеност во институциите основани од Општина Гевгелија

Magdinceva Sopova, Marija and Stojanovska-Stefanova, Aneta (2023) Прирачник за родова застапеност во институциите основани од Општина Гевгелија. Manual. Печатница „2-ри Август” -Штип.

[thumbnail of Прирачник 2023.pdf] Text
Прирачник 2023.pdf

Download (1MB)

Abstract

Вклучувањето на родовите аспекти во планирањето и организирањето на локалните политики е од суштинско значење за обезбедување на човековите права и социјалната правда за жените и за мажите.
На локално и национално ниво потребно е да се создадат предуслови за имплементирање на правата за еднаквост во сите области, како и да се превземе обврска за отстранување на сите форми на дискриминација.
Правото на еднаквост помеѓу жените и мажите, бара од локалните заедници да превземат соодветни стратегии, со цел да се промовира еднаква застапеност и учество на мажите и жените во процесот на донесување на одлуки. Со таа цел, а во согласност со законската регулатива, локалните заедници, вклучитело и Општина Гевгелија изработуваат акциски планови и програми за родова рамноправност.
Прирачникот за родова застапеност во институциите основани од Општина Гевгелија е наменет првенствено за согледување на реалната состојба за застапеноста на жените и мажите во институциите основани од Општина Гевгелија, во период од 01.01.2021г. до 31.05.2021г., а основна цел е да им помогне на носителите на одлуки и во креирањето на политиките и програми на локално ниво да носат родово избалансирани одлуки. Се очекува овој Прирачник да биде од помош во подигнување на нивото на родовата сензитивност во институциите основани од Општината Гевгелија, но и генерално на територија на општината.

Item Type: Monograph (Manual)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Law
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Aneta Stojanovska
Date Deposited: 20 Jun 2023 12:15
Last Modified: 20 Jun 2023 12:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31912

Actions (login required)

View Item View Item