Pejkovska Shahpaska, Budima (2012) Функционално-естетскти апсекти на примена на покровни протези во современата стоматолошка протетика. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Стоматолошки факултет – Скопје.
Other (Master Thesis)
Пејковска-Будима.-Функционално-естетски-аспекти-на-примена-на-покровни-протези-во-современата-стоматолошка-протетика.pdf - Published Version Download (8MB) |
Abstract
Суптоталната беззабост претставува состојба, при која постои
присуство на неколку преостанати заби во горната или во долната вилица.
Преостанатите природни заби особено во долната вилица наметнуваат прашања за корисноста на нивното зачувување како и нивно вклучување во протетската рехабилитација, односно дилеми за последиците кои би настанеле доколку истите би биле екстрахирани.
Кај некои од овие преостанати заби постои индикација за нивен мултидисциплинарен пристап, од аспект на нивно припремање пародонтолошки, како и доколку е неминовно и третирање еднодонтски, или преку примена на хируршки методи.
Рапидниот развиток на стоматолошките материјали и технологијата на производство на техники, инструменти, материјали овозможува темелност во работата и придонесува да заби кои при доаѓањето на пациентот на стоматолошки преглед кои имаат една клиничка, како и параклиничка вредност, која може да биде недоволна на почетокот, да ова во најголем број
од случаите биде претворена во нивна предност, што е соодветно документирано.
Едно од значајните прашања кои произлегуваат при протетската
рехабилитација на долната вилица е како штетното делување на
хоризонталните сили да биде сведено на минимум или оневозможено и како да биде овозможена приближно рамномерна ангажираност на забите, како и на тегментната лигавица.
Сите овие фактори се значајни при протетското згрижување на
субтоталната беззабост на долната вилица.
Во овој труд направени се согледувања при одвивање на протетска рехабилитација со покровна протеза, преку примена на ретенционите елементи од телескоп системот, преку преглед на нејзиното значење, како од функционален, така и од естетски аспект.
Преку компаративни аналитички испитувања согледана е димензијата на покровна телескоп протеза во долната вилица, кои ја назначуваат нејзината значајност за што подолго зачувување на забите и подпротезниот тегмент, како и пролонгирање на состојбата на тотална беззабост.
Кај состојби на субтотална беззабот покровната протеза може успешно да биде имплементирана во ситуации каде истите биле решавани со други терапевтски модалитети.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Budima Pejkovska Sahpaska |
Date Deposited: | 09 Jun 2023 12:59 |
Last Modified: | 09 Jun 2023 12:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31893 |
Actions (login required)
View Item |