Cana, Amella and Bajraktarova Misevska, Cvetanka and Mitic, Kristina and Alimani Jakupi, Jetmire and Polozani, Genta and Simonovic, Milosh and Emini, Arben (2022) Микробиолошка евалуација на 2 метода на лигирање на ортодонтките брикети. Macedonian Dental Review, 45 (4). 122-126. ISSN 2545-4757
Text
za repozitorium.pdf Download (237kB) |
Abstract
Цел: Цел на оваа студија беше да се утврдат промените во микробиолошката флора кај пациенти со фиксни ортодонтски апарати, како и да се утврди влијанието на различниот метод на лигирање на брекетите врз овие промени. Материјал и метод: Испитувањата беа спроведени кај дваесет и четири пациенти со фиксни ортодонтски апарати. Кај сите испитаници, на едната половина од вилицата брекетети беа лигирани со еластични лигатури, а на другата половина со жичени
лигатури. За детекција на Porphyromonas gingivalis, Tannerella forsythia and Treponema denticola од дното на пародонталниот џеб во предел на максиларните премолари и мандибуларните инцизиви, од двете страни на вилиците, беше применет BANA тестот. Микробиолошките наоди беа одредувани пред започнувањето
на ортодонтската терапија (Т1), една недела по поставувањето на фиксниот апарат (Т2) и три месеци по поставувањето (Т3). Разликите меѓу групите беа анализирани со ANOVA Chi Sqr тестот и Cochran Q тестот. Резултати: Резултатите покажаа сигнификантно зголемување на бројот на микроорганизми една недела и
три месеци по поставувањето на фиксниот апарат кај забите лигирани со еластични лигатури, во споредба со забите лигирани со жичени лигатури. Статистички
сигнификантна разлика во вредностите на BANA тестот беше утврдена и меѓу сите три испитувани периоди кај забите лигирани со еластични лигатури, додека
незначајна разлика во релација Т1, Т2 и Т3 беше забележана кај забите лигирани со жичени лигатури. Заклучок: Методот на лигирање на ортодонтските брекети има значајно влијание врз микробиолошката флора кај пациентите со фиксни апарати. Еластичните лигатури го стимулираат растот на пародонтопатогените
бактерии кои се предиспонирачки фактор за појава на кариес и инфламација на гингивата. Клучни зборови: метод на лигирање на брекетите, микробиолошка
флора, еластични лигатури, пародонтопатогени бактерии, фиксни ортодонтски апарати
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ivona Kovacevska |
Date Deposited: | 01 Jun 2023 12:46 |
Last Modified: | 01 Jun 2023 12:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31836 |
Actions (login required)
View Item |