Cana, Amella (2019) Улогата на биомаркерите PGE2 и IL-1β во ортодонткото движење на забите-ревијален труд. Macedonian Dental Review, 42 (4). pp. 121-126. ISSN 2545-4757
Text
МСП-2019-42-4-10-15.pdf Download (65kB) |
|
Text
MSP Vesnik (1).pdf Download (169kB) |
Abstract
Вовед: Движењето на забите кое се јавува како резултат на примена на ортодонтските сили во терапевтски цели, се остварува преку ремоделација на
алвеоларната коска потпомогнато од бројни биомаркери, во прв ред инфламаторните медијатори PGE2 и IL-1β, кои имаат посебна улога во целиот овој процес.
Цел: Целта на овој ревијален труд е да се утврдат улогата и влијанието на инфламаторните медијатори PGE2 и IL-1β во ортодонтското движење на забите.
Методи: За реализација на поставената цел беа анализирани вкупно 39 стручни статии, вклучувајќи ревијални трудови и трудови со оригинални резултати
објавени на базите PubMed и Google Scholar. Во испитувањето беа вклучени само трудови објавени на англиски јазик. Клучни зборови користени за прибирање
на податоците беа ортодонтски третман, биомаркери, PGE2 и IL-1β и ремоделирање на алвеоларната коска. Заклучок: При ортодонтскиот третман на
малоклузиите највисоки вредности на медијаторите PGE2 и IL-1β во гингивалниот флуид беа констатирани во раната ортодонтска фаза. И двата инфламаторни
медијатори имаат остеокластична активност, при што IL-1β делува во првите часови од дејството на механичката сила, а активноста на PGE2 е синергистичка,
при што крајниот ефект е движење на забите и ремоделација на алвеоларната коска. Клучни зборови: ортодонтски третман, биомаркери, PGE2 и IL-1β и
ремоделирање на алвеоларната коска.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ivona Kovacevska |
Date Deposited: | 30 May 2023 09:32 |
Last Modified: | 30 May 2023 09:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31835 |
Actions (login required)
View Item |