Индивидуално дизајнирани ноќни протези при естетско - функционална рехабилитација на пациенти со бруксизам

Pejkovska Shahpaska, Budima (2017) Индивидуално дизајнирани ноќни протези при естетско - функционална рехабилитација на пациенти со бруксизам. Doctoral thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Стоматолошки факултет – Скопје.

[thumbnail of Докторат-27.07.2017.pdf] Text
Докторат-27.07.2017.pdf - Published Version

Download (5MB)

Abstract

Вовед׃ Бруксизам претставува оклузална парафункција која тешко може да биде сместена во повеќе категории на различни парафункции. Во речникот на протетички термини бруксизмот е дефиниран како несвесна орална навика на ритмично нефункционално притискање, стегање и чкрипење со забите при изведување на движења кои не се дел од функцијата на мастикација и водат кон оклузална траума.
Цел: Изработување на индивидуално дизајнирани ноќни протези при естетско - функционална рехабилитација на пациенти со бруксизам.
Материјал и методи: Како материјал при истражувањето се дијагностицирани, следени, анализирани и протетички згрижени 80 пациенти поделени во 2 групи:
-40 пациенти со бруксизам, згрижени со протетички конструкции и ноќни протези;
-40 пациенти со бруксизам, кои не се згрижени (контролна група).
Истражувањето е изведено во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“, со согласност од Етичката комисија на Стоматолошкиот факултет во Скопје. По извршената анамнеза и клинички преглед врз пациентите, беше поставувана дијагнозата на бруксизам преку параклинички метод со помош на примена на апарат - бруксоанализатор, индивидуално конструиран за секој пациент. Како интраорални методи за дијагностицирање на бруксизмот беа применети степенот на абразија на забите со помош на индексот по Smith и Knight
и пародонталните индекси за гингивална инфламација и длабочина на п. џ. по 8 Ramfojrd. Потоа следуваше мерење на силата на мастикација со примена на електричен гнатодинамометар, индивидуално конструиран, исто така.
Пациентите беа протетички згрижени, а последователно со индикација им беа изработени индивидуално дизајнирани ноќни протези кај одредена група на пациенти, додека кај друга постоеше индикација за изработка на ноќни протези пред протетичкото згрижување. Паралелно беа применувани ласерски и алтернативни третмани (физиотерапија, фармакотерапија, психотерапија), проследени со изработка и примена на нутриционистички режим на живеење, како и соодветна едукација.
Резултати и дискусија: Пациентите згрижени со протетички
конструкции и изработени индивидуално дизајнирани ноќни протези имаат непроменети индекси по Smith и Knight и по Ramfjord. Вредностите на силата на мастикација измерени со електричен гнатодинамометар се со тенденција за намалување. Со носењето на ноќни протези кај пациентите со бруксизам се
овозможува превенција и терапија кај сите испитаници (освен контролната група). Ова насочува кон целосен успех и естетско - функционална рехабилитација на пациентите.
Заклучок׃ Изработката на индивидуално дизајнираните ноќни протези како нова метода, ќе најде голема примена од страна на терапевтите во помош на пациентите со дијагностициран бруксизам.
Клучни зборови: ноќен бруксизам, бруксоанализатор, индивидуално дизајнирани ноќни протези.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Budima Pejkovska Sahpaska
Date Deposited: 29 May 2023 10:11
Last Modified: 29 May 2023 10:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31809

Actions (login required)

View Item View Item