Sofronievska Glavinov, Maja (2023) Практичен пристап во клиничка урологија - практикум. ISBN 978-608-244-954-8.
Full text not available from this repository.Abstract
Овој практикум е наменет како за студентите по општа медицина, така и за специјализантите кои започнуваат со хируршка и уролошка пракса. Исто така може да послужи како практичен водич за високите медицински сестри како на прв, така и на втор циклус на студии.Клиничката дијагностика подразбира дека треба да се има јасен увид во нормалната анатомија и физиологија, како и разбирање на сите можни патолошки состојби во одредена област. Ова подразбира прецизно земање анамнеза од пациентот, добро насочување на иследувањата и поставување на точни насоки за изведување на дијагностички процедури. Практикумот се состои од осум поглавја кои имаат за цел концизно да ги наведат клучните аспекти на историјата на болест и иследувањата за секој вообичаен уролошки симптом и/или знак. При неговата изработка користени се податоци, алгоритми и сознанија од најновата современа светска литература, литература издадена од домашни еминентни автори, како и сопствените искуства во клиничкиот пристап на пациентите со уролошка патологија.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Maja Sofronievska |
Date Deposited: | 23 May 2023 11:53 |
Last Modified: | 23 May 2023 11:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31789 |
Actions (login required)
View Item |