Cingoski, Vlatko (2023) Soncevi elektrani - Golemi ocekuvanja ili Golemi razocaruvanja. UGD Life - On-line Internet Journal.
Text
Soncevi Elektrani - Golemi ocekuvanja ili Golemi razocaruvanja.pdf - Published Version Download (223kB) |
Abstract
Потребата од енергија, особено електрична енергија (ЕЕ) како најсофистициран вид на енергија која денес се користи како во домаќинствата така и во администрацијата и индустријата е постојано во пораст. Намалувањето на резервите во примарни извори на енергија, особено фосилните горива кои денес се доминантен извор за производство на ЕЕ од една страна и нивното силно негативно еколошко влијание врз животната средина и живиот свет, резултираат со појава на т.н. енергетска транзиција. Енергетската транзиција генерално подразбира промена во начинот на добивање, но и на користење на електричната енергија, замена на фосилните горива (јаглен, нафта и природен гас) со еколошки прифатливи енергетски извори, како сончева енергија, енергија од ветар, енергија на плима и осека, биомаса и биогас и во последно време енергија добиена од горивни ќелии и водород. Од страна на корисниците на ЕЕ потребно е да се посвети поголемо внимание на начинот и методите на користењето на ЕЕ, особено на зголемување на енергетската ефикасност (количество потрошена ЕЕ за постигнат единица учинок), како и на заштедите на електрична енергија во смисла на нејзино рационално користење.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering Engineering and Technology > Environmental engineering |
Divisions: | Faculty of Electrical Engineering |
Depositing User: | Vlatko Cingoski |
Date Deposited: | 13 Apr 2023 08:06 |
Last Modified: | 21 Aug 2023 11:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31656 |
Actions (login required)
View Item |