Stojanov, Trajce (2019) Руска религиска философија: Контексти, том 1. Аз-Буки, Скопје.
Text
Korica_Trajche_Stojanov_tom_1.pdf Download (7MB) |
Abstract
Студија во три тома посветени
на руската религиска философија. И тоа исклучително
религиската философија. Тоа секако ќе го „искине“ живото
единство на руската философија, во која историски истовре-
мено се проткајуваат и материјалистичката и идеалистичката и
теистичката и атеистичката тенденција, но од друга страна пак,
ќе даде една целосна и систематизирана слика исклучително
за руската религиска мисла. Трите тома се подведени под еден
заеднички наслов – Руска религиска философија, од кои, пак,
секој том се однесува на еден аспект од истата и затоа секоја
од книгите носи и соодветен поднаслов. Првиот е поднасловен
како Контексти, вториот ќе го носи поднасловот Историја, а
третиот – Проблеми.
А трите тома во суштина претставуваат своевидна историја
во тројна смисла: историја на околностите во кои настанувала
и се развивала руската философија (Т1: Контексти), кратка
историја на таа философија, т.е. историја на руската религиска
философија (Т2: Историја) и историја и развој на проблемите
на истата (Т3: Проблеми).
И затоа, првиот том – Контексти, треба да ја претстави ру-
ската религиска мисла во нејзиниот културен, општествено-по-
литички и историски контекст. Овде, низ неколку поднаслова
се скицира општата историска, социјално-политичка клима и
културниот контекст, во која се родила, настанувала и развивала
руската мисла. Накратко, ќе се презентираат општите историски
услови во Русија, од периодот на Киевска и Московска Русија,
па сè до Револуцијата и по неа. Кога станува збор за руската фи-
лософија има силна потреба да се лоцира општиот историски и
културен контекст на тие проблеми, да се покаже како општите
историски услови ги оформиле тие проблеми, но и како самите
проблеми ја физиономирале историската и културната сцена.
Тоа е своевидна философија на историјата.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > Philosophy, ethics and religion |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Stojanov |
Date Deposited: | 03 Apr 2023 11:02 |
Last Modified: | 03 Apr 2023 11:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31591 |
Actions (login required)
View Item |