Stojanov, Trajce (2022) Dostoyevsky - a philosopher? Palimpsest: International Journal for Linguistic, Literature and Cultural Research, 7 (14). pp. 137-149. ISSN 2545-3998
Text
5566-Article Text-9686-2-10-20230225.pdf Download (5MB) |
Abstract
Фјодор Михајлович Достоевски е книжевник. Пишувал романи.
Не напишал ниту едно дело кое од денешна перспектива може да се класифицира
како философско. Но, и покрај тоа, многумина автори, како руски, така и западни,
многу често го вклучуваат во историјата на руската философија. Дури, одредени
историчари на философијата му отстапуваат место во своите прегледи на руската
философија. Имено, некои од најзначајните истории на руската философија го
обработуваат Достоевски како еден од философите, рамо до рамо со Берѓаев,
Фјодоров, Соловјов и останатите руски мислители. Од друга страна, пак, низа други
автори не го третираат како философ и го исклучуваат од нивните монографии за
историјата на руската философија.
Нашата позиција е дека Достоевски сосема легитимно може да биде третиран
како философ. Во трудов ќе се обидеме да ги лоцираме аргументите за тоа. Трудот,
во таа смисла, се занимава со причините, т.е. мотивите Достоевски да се третира не
само како книжевник, писател, туку и како философ. Ќе го анализираме неговото
творештво, но и историскиот контекст, за да се обидеме во оваа двојна смисла –
проблемска (содржинска) и историска (формална) – да го оправдаме епитетот
„философ“ на Ф. М. Достоевски. Хипотезата која се брани во трудов е дека Достоевски
може да се смета за философ, дури и во една класична смисла на значењето на тој
поим. Особено, во доба на постмодерната, кога жанровските, но и дисциплинарните
граници се растегнати, а мултидисциплинарноста и плуриперспективноста се
преференци во теориските пристапи.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature Humanities > Philosophy, ethics and religion |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Trajce Stojanov |
Date Deposited: | 03 Apr 2023 09:45 |
Last Modified: | 03 Apr 2023 09:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31584 |
Actions (login required)
View Item |