Практикум по Британска литература 3 (19 век)

Goodspeed, Andrew and Pop Zarieva, Natalija and Iliev, Krste (2021) Практикум по Британска литература 3 (19 век). ISBN 978-608-244-785-8.

[thumbnail of Практикум по Британска литература 3 (19 век).pdf] Text
Практикум по Британска литература 3 (19 век).pdf

Download (2MB)

Abstract

Ракописот со наслов „Практикум по Британска литература 3 (19 век)“ од д-р Ендру Гудспид, д-р Наталија Поп Зариева и м-р Крсте Илиев претставува учебно помагало прилагодено на содржините од вежбите по предметот Британска книжевност 3 (19 век), кој студентите од групата Англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го слушаат во третиот семестар. Ракописот е структуриран со цел да одговори на наставните содржини поделени во поглавја. Целта на практикумот е да се овозможи полесно совладување на материјалот на неколку начини: 1. Преку прашања со повеќе избори кои проверуваат знаење поврзано со авторите и делата кои се обработуваат, дефинирање на литературни поими и карактеристики на одреден литературен период; 2. Прашања со одговор точно-грешно, кои ги поттикнуваат вештините: разбирање и употреба; 3. Прашања за размислување и дискусија со кои се развива способноста за анализа, синтеза и евалуација преку толкувања на дадените книжевни примери во однос на теми, идеји, мотиви, правење споредба и контрастирање, како и оценување на делата во рамка на литературниот, културниот и историскиот контекст на времето во кое се напишани. Целта на овој практикум е студентите да развиваат способност за критичко интерпретирање на книжевни текстови преку прашања кои поттикнуваат повисоки нивоа на размислување како што се анализа, синтеза и евалуација со што ќе се здобијат со компетенции за пишување на аргументативна литературна критика. Стекнати знаења и вештини имаат за цел да им помогнат на студентите во успешна подготовка за колоквиумите, испитот и изготвување на проектната задача по предметот Британска книжевност 3 (19 век).

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Natalija Pop Zarieva
Date Deposited: 31 Mar 2023 08:46
Last Modified: 31 Mar 2023 08:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31553

Actions (login required)

View Item View Item