Кинезиологија

Vasileva, Dance (2023) Кинезиологија. COBISS.MK-ID 59239173, 1 (1). Универзитет „Гоце Делчев", Факултет за медицински науки, Штип. ISBN 978-608-244-951-7

Full text not available from this repository. (Request a copy)

Abstract

Кинезиологијата е интегрална наука која ги спојува анатомијата, физиологијата, физиката и геометријата и ги поврзува со човечкото движење. Користејќи ги познавањата по биомеханика, мускулно-скелетна анатомија и неврофизиологија, ги анализира движењата и позите на телото како целина, но и на одделни сегменти.
Создавањето на учебникот Кинезиологија се должи на фундаменталното значење на кинезиологијата во целосниот алгоритам на лекување на пациенти со трауматски, ортопедски, ревматски, кардиоваскуларни, респираторни и невролошки заболувања. Кинезиолошката анализа и функционално испитување се основните елементи кои ја определуваат физиотерапевтската програма.
Предметот Кинезиологијата е фундаментален, затоа што ги содржи најважните теоретски и практично-апликативни знаења и вештини за професионална реализација на идните дипломирани физиотерапевти. Тоа е основната задача на учебникот – да даде продлабочени познавања на студентите што ќе им послужат во нивната понатамошна едукација во специјалните дисциплини и во нивниот научнопрактичен развој.
Од практична гледна точка, кинезиологијата е во основата на градењето на современите физиотерапевтски и други функционално-рековалесцентни програми. Продлабочените познавања за нормалните кинезиолошки карактеристики на сегментите во локомоторниот апарат се предуслов за правилна кинезиолошка анализа на промените што настануваат како резултат на различни заболувања и повреди. Така се дава можност за изработка на адекватна и индивидуално адаптирана физиотерапевтска програма.
Учебникот Кинезиологија претставува најсовремено разбирање за кинезиологијата на човекот и карактеристичните кинезиолошки анализи, насочен кон работата на физиотерапевтите, кинезитерапевтите, рехабилитаторите и докторите – специјалисти по физикална медицина и рехабилитација, ортопедија, трауматологија, неврологија и др. Може да им користи на сите останати читатели кои имаат интерес за фундаментално разбирање во областа на кинезиологијата и анатомијата. Од клиничка перспектива овој учебник е од голема вредност.

Item Type: Book
Uncontrolled Keywords: Kinesiology
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Dance Vasileva
Date Deposited: 06 Mar 2023 06:25
Last Modified: 06 Mar 2023 06:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31488

Actions (login required)

View Item View Item