Алатка за безбедност и заштита на децата од насилство во дигиталниот свет

Lazetic, Gordana and Nanev, Lazar and Petrovska, Nevena (2020) Алатка за безбедност и заштита на децата од насилство во дигиталниот свет. OSCE Mission to Skopje. ISBN 978-608-66233-1-9

[thumbnail of Alatka za bezbednost i zashtita na decata.pdf] Text
Alatka za bezbednost i zashtita na decata.pdf

Download (83kB)

Abstract

Изработката на посебна „Алатка за безбедност и заштита на децата од насилство во
дигиталниот свет“ се наметна како неопходна во услови на подолготрајна пандемија на корона
вирусот, со наложени ограничувања во движењето, контактите, со нов начин на живот, нови
облици на дигитална социјализација, но и поради ризиците коишто се мултиплицираат во т.н.
„ново секојдневие.“
Алатката опфаќа многу аспекти коишто се поврзани со дигиталниот свет, децата изложени
на ризици на интернет, дигиталното насилство, но и со придобивките од користењето на новите
дигитални платформи, компјутерски програми, стекнување вештини и знаења и сл.
Меѓународните документи и домашното законодавство ги регулираат правата на децата во
дигиталниот свет, како и формите за нивна заштита од ризиците коишто се понекогаш тешки за
воочување, реагирање навреме, надминување на последиците и сл.
Со префрлување на сите активности во онлајн сферата на делување на секојдневно ниво се
мултиплицираат можностите и случаите за насилство врз децата во дигиталното опкружување, за
коишто немаме доволно информации.
Имајќи го предвид системот за заштита на децата од сите облици на насилство во услови на
пандемија и зголемени случаи на домашно насилство, затворањето на училиштата и неможноста
на децата да имаат пристап до психолошко-педагошките стручни служби коишто се обучени и
вешти во препознавањето, пријавувањето и постапувањето по случаи кога ученикот е изложен
на насилство (во домот, во училиштето, во случаи на врсничко насилство и сл.) само ја влошува
состојбата и придонесува за зголемување на бројот на деца-жртви на насилство.
Особено е важно родителите и наставниците да бидат во чекор со технолошкиот развој
бидејќи во спротивно генерацискиот јаз станува сè поочигледен и попродлабочен. Ваквата
состојба оневозможува идентификување, препознавање на ризиците и преземање мерки за
превенција, спречување или одговорност

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Lazar Nanev
Date Deposited: 02 Mar 2023 10:25
Last Modified: 02 Mar 2023 10:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31483

Actions (login required)

View Item View Item