Vitanova-Ringaceva, Ana (2022) Практикум по македонска народна книжевност. ISBN 978-608-244-939-5.
Full text not available from this repository.Abstract
Ракописот „Практикум по македонска народна книжевност“ е наставно помагало наменето за студентите од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип. Практикумот е наставен прирачник што претставува прилог кон скриптата „Македонска народна поезија“ наменета за студентите од прва година во прв циклус студии. Практикумот ќе им овозможи на студентите проверка на стекнатите знаења по предметот Македонска народна книжевност, но и нивно продлабочување и усовршување.
Содржината на „Практикумот по македонска народна книжевност“ е систематизирана во три дела: a) Прв дел: Апликации – анализа и интерпретација на фолклорна граѓа; б) Втор дел: Особености и класификација на народната книжевност (проверка); в) Трет дел: Колоквиумски прашања и г) Четврти дел: Прилози.
Првиот дел со наслов Апликации – анализа и интерпретација на фолклорна граѓа претставува аналитичко-интерпретативен пристап кон теми од македонската народна книжевност и ги содржи следните текстови: „Народната песна од Струмица и струмичко - ризница на автохтониот јазичен израз (врз примери на љубовни песни и балади)“; „Универзалниот модел на волшебната приказна“ ; „Семантичкиот поттекст на локалната сказна во дослух со универзалниот модел на сказноликата матрица“ и „Зборови си одат, но писмото останува“. Во овие текстови е даден еден од можните пристапи кон фолклористичко-етнографскиот материјал собран и запишан од собирачите на македонското народно творештво. Народната песна, волшебната сказна, како и кратките фолклорни жанрови изобилуваат со богатство од мотиви на кои може да им се пристапи од: антрополошки, психоаналитички, социолошки и други аспекти.
Вториот дел Особености и класификација на народната книжевност (проверка) од овој наставен прирачник содржи конкретни прашања и задачи поврзани со генезата на фолклорот, појавата на народната книжевност, нејзина класификација и жанровска поделба, нејзините особености, теории за потеклото на сказните, како и прашања поврзани со собирачката дејност на најголемите македонски и странски собирачи на македонското народно творештво, како и современите собирачи денес.
Во третиот дел се приложени 80 колоквиумски прашања во кои се опфатени сите методски единици од Предметната програма за курсот Македонска народна книжевност. Целите на вака поставените прашања и задачи се да ги поттикне студентите на сериозен и длабински пристап кон материјата, нејзино полесно совладување што пак, од друга страна, ќе биде темелна и солидна подготовка за двата писмени колоквиуми и за завршниот устен испит по предметот Македонска народна книжевност.
Четвртиот дел насловен Прилози, содржи фолклористичка граѓа која ќе им послужи на студентите како апликативен материјал врз кој ќе можат да ги провера веќе стекнатите знаења по предметот Македонска народна книжевност.
На крајот е приложена и богата Библиографија која содржи референтни изданија од коишто студентите можат да црпат солидни знаења, што секако ќе им помогне во совладувањето на материјата од курсот Македонска народна книжевност.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 04 Feb 2023 22:22 |
Last Modified: | 04 Feb 2023 22:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31318 |
Actions (login required)
View Item |