Ivanovski, Dejan and Zarkova Atanasova, Julija (2022) Моќта на ендодонцијата ( case report). In: 9th Congress of Macedonian dental society with international participation "Challenging new era in dentistry: burden and opportunities", 15-18 Sept 2022, Ohrid, Republic of North Macedonia.
Text
Dejan Ivanovski Power of Endo 2022 Ohrid.pdf Download (2MB) |
|
Text
KNIGA NA APSTRAKTI 2022.pdf Download (699kB) |
|
Text
mokta na endo.pdf Download (122kB) |
Abstract
Цел:Целта на овој труд беше да прикажеме успешна терапија на хронични периапикални лезии со не- хируршки ендодонтски ретретман кај заби со повеќе корени.
Материјали и метод: Ретроалвеоларен РТГ наод кај 39г. маж кој се јави во нашата ординација со болка на џвакање во долен десен мандибуларен регион покажа присуство на периапикални просветлувања на 46 и 47 и на двата корена, што укажуваше на хроничен периапикален пародонтит. Исто така ренгенграфски се забележуваше и фрактуриран ендодонтски проширувач во МБ корен на 47, несоодветно наполнети коренски канали, метални колчиња во дисталниот канал и на двата молари. Ендодонтскиот ретретман беше спроведен со употреба на дентален микроскоп (Zumax, OMS2350). Коренските канали механички ги обработивме со XP Endo Shaper и XP Endo Finisher, а финалната иригација ја завршивме со 5,25% хипохлорид и 17% ЕДТА. Интерсеансно аплициравме меко полнење
со калциум хидроксилен препарат 7 дена. Со техника на топла вертикална концензација (WVC) ги обртуриравме коренските канали. По поставување на фибер глас колчиња во дисталните корени направивме композитно надоградување. Реставрацијата ја завршивме со изработка на циркониумски коронки од Emax Zr Cad MT multi.
Резултати: Контролниот РТГ по 6 месеци покажа целосно повлекување на хроничните периапикални лезии, и комплетно изчезнување на перкуторната и мастикаторната болка.
Заклучок: Соодветнтно спроведениот ендодонтски ретретман е моќен да направи потполно излекување на хронични периапикални лезии и еден безнадежен случај да го претвори во успех.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Julija Zarkova Atanasova |
Date Deposited: | 05 Feb 2023 12:30 |
Last Modified: | 05 Feb 2023 12:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31300 |
Actions (login required)
View Item |