Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2022) Драмскиот код во „Горски венец“. Zbornik radova Njegosevi dani 8, Univerzitet Crne Gore, Niksic. ISSN 987-9940-694-14-2
Text
Драмски код у „Горском вијенцу“.pdf Download (1MB) |
Abstract
Во оваа статија ќе се третираат драмските белези на „Горски венец“. Имено, во научната и наставната практика во јужнословенските средини, „Горски венец“ на Петар Петровиќ Његош, од жанровски аспект се дефинираше како епска поема во драмска форма. Тоа даваше можност на ова реномирано четиво да му се пристапува од аспект на трите литературни рода – лирика, епика и драма.
Меѓутоа, благодарение на долгогодишното одржување на Меѓународниот славистички собир „Његошеви дани“ и реномираниот црногорски његошолог проф. д-р Татјана Бечановиќ, која тврди дека „Горски венец“ е драма, се чини дека жанровскиот карактер на ова литературно дело може да се посматра и исклучиво од драмска перспектива.
Нашиот напор во оваа статија се насочува кон утврдување на драмскиот код во „Горски венец“, така што ќе бидат посочени и со соодветен теориски инструментариум образложени сите очигледни и латентни драмски белези во делото. Ќе се интерпретираат: драмската композиција, лицата, дидаскалиите, драмскиот конфликт, како базичен елемент на драмата. Притоа, нашата цел не е проверка на ставот на његошологот Бечановиќ, туку афирмативен пристап кон драмскиот код на „Горски венец“, што несомнено и ние го потврдуваме, барем во нашата наставна практика.
Клучни зборови: „Горски венец“, драма, драмски код, драмска композиција, драмски конфликт.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Lusi Karanikolova |
Date Deposited: | 03 Feb 2023 09:39 |
Last Modified: | 03 Feb 2023 09:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31253 |
Actions (login required)
View Item |