Todorova, Biljana (2021) Пандемијата КОВИД-19 и остварување на правото на парични надоместоци од задолжително здравствено осигурување. Годишен зборник, Правен факултет, УГД, XI (11). pp. 93-98. ISSN 1857-8713
Text
Biljana Todorova.pdf - Published Version Download (2MB) |
Abstract
Во Република Северна Македонија постојат два вида здравствено осигурување:
задолжително и доброволно.Задолжителното здравствено осигурување им овозможува на
вработените и другите граѓани опфатени со задолжително здравствено осигурување право
на здравствена заштита и паричен надоместок за случаи утврдени со закон. Доброволното
здравствено осигурување е поврзано со граѓани кои не се задолжително осигурани со закон.
Вклучува и осигурување од поголем обем и стандард.
Во трудот се анализира задолжителното здравствено осигурување, односно попрецизно
паричните права од здравствено осигурување. Прво се наведуваат видовите права на парични
надоместоци од задолжителното здравствено осигурување, потоа се даваат основните насоки за
нивното остварување со упатување на нивна практична примена во услови на пандемијата со
КОВИД-19.
Покрај тоа, во трудот се дава толкување и одговор на прашањето како се регулира правото
на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа на вработените лица кои
имаат симптоми и се заболени од КОВИД-19, на лица кои се во изолација заради спречување на
зараза но се асимптоматични (односно немаат знаци на болеста), а за кои е констатирано дека се
заболени од КОВИД-19, како и за лица кои се во изолација заради спречување на зараза, но за
истите не е потврдено дека се заболени од КОВИД-19.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Biljana Todorova |
Date Deposited: | 01 Feb 2023 11:56 |
Last Modified: | 01 Feb 2023 11:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31157 |
Actions (login required)
View Item |