Spaseski, Aleksandar and Gjorgieva Ackova, Darinka (2022) Терапија со CAR (Chimeric Antigen Receptor) Т - клетки како нова антиканцерна терапија. Фармацевтски информатор, 62. pp. 47-52. ISSN 1409-8784
Text
Farmacevstki-informator_Broj_62_dekemvri_2022_web.pdf Download (14MB) |
Abstract
Канцерот е една од водечките причини за смртност во светот поради неговата висока фреквенција на јавување и недостатокот на ефективни и ефикасни лекови за третман на истиот. Оттука произлегува потребата за откривање на нови пристапи за лекување и превенција. Хируршката интервенција, хемотерапијата и радиотерапијата се традиционалните третмани за канцер. Напредокот на имунологијата како наука довел до поголемо разбирање на начинот да се искористи сопствениот имунолошки систем за третман на канцер и да се развијат различни облици на имунотерапија на канцер. Терапијата со CAR Т-клетки се нарекува „имунотерапија“ бидејќи ги користи сопствените Т-клетки на пациентот за да ги препознае и нападне канцерните клетки. Функционалноста, специфичноста и ефикасноста на CAR T-клетките постојано се подобруваат. Во комбинација со напредокот во клеточното инженерство и генското преуредување, CAR T-клетките сè уште имаат неисполнет потенцијал во третманот на канцер.
Позитивниот развој покажува дека CAR T-терапијата несомнено означува нова ера во терапијата за канцер и почеток на персонализирана клеточна терапија со насочено дејство.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Darinka Gorgieva Ackova |
Date Deposited: | 02 Feb 2023 09:32 |
Last Modified: | 02 Feb 2023 09:32 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31131 |
Actions (login required)
View Item |