Основни принципи, значење и примена на ДНК – гел електрофореза

Gjorgjeska, Marija (2023) Основни принципи, значење и примена на ДНК – гел електрофореза. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Specijalisticki trud Marija Gjorgjevska print 1.pdf] Text
Specijalisticki trud Marija Gjorgjevska print 1.pdf

Download (1MB)

Abstract

Со овој труд сакаме да ја потенцираме важноста и значењето на ДНК - гел
електрофорезата и нејзината примена во различни области од медицината кои
се базираат на истражување на хуманиот геном, наследувањето на одредени
болести и здравјето воопшто.
Имајќи го предвид принципот на работа на електрофорезата
(раздвојување на макромолекули, врз база на нивната големина, облик и
електризирање низ гел во кој се пропушта еднонасочна електрична струја),
електрофорезата на нуклеински киселини се заснова на раздвојување на
молекулите на ДНК и РНК, врз база на нивната големина и конформација како и
фрагментирање на ДНК со помош на рестрикциони ензими и нивно
визуализирање. Електрофорезата на нуклеинските киселини најчестото се
одвива во агарозен гел.
ДНК електрофорезата нуди можност за испитување на хуманиот геном, за
исцртување на генетските мапи и со нејзина примена се испитуваат голем број
на физиолошки и метаболични процеси кои се поврзани со голем број на
функции на организмот, неговата исхрана и севкупна здравствена состојба.
Електрофорезата е исклучително важна лабораториска метода која служи
за раздвојување на протеинските молекули и одредување на нивните генетски
варијанти во различни телесни течности како крв, серум, плазма, урина или
цереброспинален ликвор. На тој начин секој протеин, нуклеинска киселина, ген
или егзон создава своја слика или генетски принт кој се разликува кај различни
видови на организми.
Клучни зборови: раздвојување на макромолекули, нуклеински киселини,
рестрикциони ензими

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 31 Jan 2023 17:40
Last Modified: 31 Jan 2023 17:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31096

Actions (login required)

View Item View Item