Petrevska, Biljana and Terzić, Aleksandra (2022) Студија за Туризмот како перспектива за ретко населените рурални простори во Република Северна Македонија и во регионот на Јужна и Источна Србија. Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 978-608-203-354-9
Text
Студија-Туризмот како перспектива.pdf Download (1MB) |
Abstract
На прв поглед, да се пишува студија за ретко населените рурални простори, проценувајќи ги предусловите за спроведување туристички активности преку споредбена анализа на Република Северна Македонија и Јужна и Источна Србија, изгледа исклучително предизвикувачки. Од една страна, руралните простори во двете земји се соочуваат со исти и/или слични проблеми во функционирањето, како депопулација и екстремни миграциски движења, доведувајќи до деградирање на селата и нивно претворање во ретко населени рурални простори. Од друга страна, поаѓајќи од фактот дека туризмот како мултидимензионална активност нуди сеопфатна ревитализација на просторот, тој се наметна како можност за заживување на руралните простори во кои постои туристички потенцијал. Оттука, преку разгледувањето на оваа проблематика, поаѓајќи од тоа дека постојат исти/или слични трендови во двете земји, се појави идејата за идентификување, селекција и анализирање на ретко населените рурални простори, со можност за туристички развој.
Студијата претставува резултат од проектното истражување „Процена на предусловите за туристички активности во руралните напуштени простори – Компаративна студија меѓу Македонија и Србија“, реализирана во периодот 2018 – 2020 година. Проектот го реализираа работни тимови составени од професори на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (Република Северна Македонија) и истражувачи од Географскиот институт „Јован Цвијиќ“ – Белград (Србија), низ Програмата за меѓуакадемиска соработка на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ и Српската академија на науките и уметностите – САНУ. Поконкретно, студијата претставува збир од шест поглавја, чии автори се членови на работните тимови на Проектот. Притоа, методолошки, се работи за сознанија добиени со комбинација на теоретски труд и емпириска анализа.
Item Type: | Book |
---|---|
Additional Information: | Студијата претставува резултат од проектното истражување „Процена на предусловите за туристички активности во руралните напуштени простори – Компаративна студија меѓу Македонија и Србија“, реализирана во периодот 2018 – 2020 година. Проектот го реализираа работни тимови составени од професори на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (Република Северна Македонија) и истражувачи од Географскиот институт „Јован Цвијиќ“ – Белград (Србија), низ Програмата за меѓуакадемиска соработка на Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ и Српската академија на науките и уметностите – САНУ. |
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Biljana Petrevska |
Date Deposited: | 31 Jan 2023 09:29 |
Last Modified: | 31 Jan 2023 09:29 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31053 |
Actions (login required)
View Item |