Grkova, Marija (2022) Правописните отстапки кај студентите од прва година на Универзитетот во Штип. Палимпсест Меѓународно списание за лингвистички, книжевнии културолошки истражувања, 7 (13). pp. 105-116. ISSN 2545-3998
Text
5203-Article Text-9036-2-10-20220903.pdf Download (4MB) |
Abstract
Во студиската 2021/22 година на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип наставата беше организирана според нови наставни програми. Во нив како изборни предмети во првиот и во вториот семестар се среќаваат Македонски јазик 1 и Македонски јазик 2. Во првиот семестар по наставниот предмет Македонски јазик 1 сите студенти што го одбрале за изборен се потсетуваат на јазични аспекти од македонистиката поврзани, главно, со правописот. Дел од содржините се однесуваат на фонетиката и на фонологијата, а дел се однесуваат токму на правописот и на правоговорот. По овој повод, направивме анонимно тестирање поврзано со најчестите отстапувања во рамки на правописот, а како целна група се студентите од прва година што го одбрале предметот Македонски јазик 1. Треба да се спомене дека пред спроведувањето на тестот студентите ги следеа предавањата од споменатиот предмет и се потсетија на сите правописни правила за кои се вршеше тестирањето.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Grkova |
Date Deposited: | 30 Jan 2023 12:30 |
Last Modified: | 30 Jan 2023 12:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31012 |
Actions (login required)
View Item |