Phraseologie der deutschen Sprache (Фразеологија на германскиот јазик)

Kuzmanovska, Dragana (2022) Phraseologie der deutschen Sprache (Фразеологија на германскиот јазик). Универзитет "Гоце Делчев", Филолошки факултет, Stip, Republik of Nord Macedonia. ISBN 978-608-244-936-4

[thumbnail of Учебник „Phraseologie der deutschen Sprache“- S.1-11.pdf] Text
Учебник „Phraseologie der deutschen Sprache“- S.1-11.pdf

Download (459kB)

Abstract

Овој рецензиран учебник воедно нуди и низа предности, односно поволности корисни за сите изучувачи на германскиот јазик, затоа што се обидува на концизен начин да ја разјасни фразеолошката терминологија со кои располага современиот германски јазик. Нашата цел значи е, на читателот да му понудиме општ преглед на фразеолошкиот корпус во современиот германски јазик, со посебен осврт на фактите кои можат да бидат од практично значење, т.е. од корист во наставата и во комуникацијата. Се трудевме во оваа прилика, читателите да не ги оптоваруваме со премногу детали кои според нашето мислење не се неопходни и со кои само би го одвратиле нивниот интерес за посеризно изучување и нивно секојдневно користење во секојдневниот говор.
Веруваме дека јазичната теорија не треба да биде цел самата на себе, па затоа се потрудивме овој учебник насловен како Phraseologie der deutschen Sprache (Фразеологија на германскиот јазик) да го оформиме така што ќе им помогне на читателите да го унапредат знаењето на германскиот јазик и/или да им понуди информации, кои ќе можат да ги искористат подучувајќи други.
Веруваме дека ова учебно помагало може, на сите оние кои го владеат германскиот јазик на средно или на повисоко ниво, да им помогне во тоа да постигнат неколку цели. Најважни се, секако, проширувањето на сопствениот лексички фонд, како и систематизацијата и продлабочувањето на знаењата од областа на фразеологијата. Освен тоа, од значење во поединечните случаи може да биде и создавањето основа за детално запознавање од различни аспекти на фразеолошкиот фонд на современиот германски јазик, како и усвојување на елементарниот терминолошки апарат, како основа за идни самостојни трудови на ова поле.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Dragana Kuzmanovska
Date Deposited: 01 Feb 2023 11:35
Last Modified: 01 Feb 2023 11:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30977

Actions (login required)

View Item View Item